Мислела дека е дехидрирана – Млада мајка од САД почина откако испила 4 шишиња вода во 20 минути

„Чувствуваше главоболка и велеше дека никако не може да ја изгасне жедта“ – тврди братот на 35-годишната Ешли Самерс од САД, која почина откако испила премногу вода. Освен што треба да се внимава на дехидрираност и претераното пиење вода може да предизвика смрт.

mislela-deka-e-dehidrirana-mlada-zhena-od-sad-pochina-otkako-ispila-4-shishinja-voda-vo-20-minuti-01.jpg

Ешли Самерс (35) од Индијана, САД, починала откако испила околу 2 литри вода во 20 минути. Според информациите во странските медиуми, жената претрпела труење со вода.

mislela-deka-e-dehidrirana-mlada-zhena-od-sad-pochina-otkako-ispila-4-shishinja-voda-vo-20-minuti-02.jpg

Ешли со семејството биле на езерото Фримен по повод Денот на независноста на САД, 4-ти јули, а почнала да се жали дека чувствува главоболка и симптоми на дехидрираност.

Таа велела дека колку и да пие течности, не може да ја изгаси жедта.

mislela-deka-e-dehidrirana-mlada-zhena-od-sad-pochina-otkako-ispila-4-shishinja-voda-vo-20-minuti-06.jpg

Според изјавите на нејзиниот брат, Девон Милер, младата Американка испила 4 шишиња од околу 500ml, или вкупно околу 2 литри вода во само 20-тина минути.

„Тоа е количината вода што треба да ја испиеме во текот на цел ден“ – вели во изјава за The Sun, брат ѝ.

mislela-deka-e-dehidrirana-mlada-zhena-od-sad-pochina-otkako-ispila-4-shishinja-voda-vo-20-minuti-03.jpg

Кога стигнале дома, Ешли колабирала во гаражата и имала отекување на мозокот, по што веднаш била пренесена во болница, но загубила свест и никогаш повеќе не се разбудила.

Според медицинските лица, жената починала од труење со вода, познато и како хипонатремија, состојба што се јавува како последица на тоа што во телото има премногу вода, а нема доволно минерали.

mislela-deka-e-dehidrirana-mlada-zhena-od-sad-pochina-otkako-ispila-4-shishinja-voda-vo-20-minuti-04.jpg

Кога пиеме преголемо количество вода за кратко време, се разредува нивото на минерали во телото, а тоа ги оптоварува органите во телото, пред сѐ бубрезите, кои се обидуваат да го регулираат нивото на течности.

Симптомите на хипенатремија вклучуваат грчеви во мускулите, болки во телото, гадење, повраќање и главоболки.

Во сериозни случаи може да дојде до отекување во мозокот, што води до збунетост, напади, кома и смрт.

mislela-deka-e-dehidrirana-mlada-zhena-od-sad-pochina-otkako-ispila-4-shishinja-voda-vo-20-minuti-05.jpg

Мајката на две деца била донор на органи, па по нејзината смрт, нејзините органи биле донирани и биле спасени пет други животи, а нејзината приказна се пренесува во странските медиуми како предупредување дека во текот на жешките денови треба да се биде умерен и со пиењето вода.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg