Бурната врска на старица (83) од Англија и 46 години помладиот партнер – Се фалеа за сексуалниот живот, сега ќе се разведуваат
- Детали
- четврток, 20 јули 2023
Ајрис (83) и нејзиниот сопруг Мохамед (37) станаа ѕвезди во Англија откако отворено зборуваа за нивната врска, вклучувајќи и детали од сексуалниот живот. Но, по само три години брак, Англичанката откри дека ќе се разведуваат.
Врските со големи возрасни разлики не се ништо ново, но за повеќето е необично кога разликата помеѓу паровите е неколку децении.
Токму поради ова, 83-годишната Ајрис Џонс се прослави во англиските медиуми откако се пофали дека има дечко од Египет кој е 46 години помлад од неа.
Станува збор за 37-годишниот Мухамед Ибрихам кој потекнува од Каиро.
Уште почудно беше што парот се венча, но наводно сега се разделиле.
Врската на Ајрис го привлече вниманието на јавноста откако таа се појави во британската емисија This Morning и споделуваше „сочни“ детали од нивниот сексуален живот.
По разделбата, Ајрис повторно отворено кажа кои биле проблемите во нивниот брак.
„Сакав сè поврзано со Мохамед. Но, врската стана многу напорна. Имавме одличен сексуален живот, но потоа, наместо да водиме љубов, постојано се расправавме.
Не можам да се справувам со тоа. Јас не сум тинејџерка. Имам 83 години“.
По разделбата, Ајрис вели дека го „заменила“ сопругот со мачка.
„Го вдомив само неколку дена откако Мохамед се исели и тој е одлично друштво. Никогаш не се жали, многу е тивок и убав – го обожавам.
Многу е среќен со мене и не прави никаков неред. Воопшто не ми фали Мохамед“, вели таа за британскиот медиум Closer.
Ајрис и Мохамед се запознале преку Фејсбук во 2019 година, а веќе следната се венчаа.
Кратко откако ја почнаа врската, во интервју за англиска телевизија Ајрис изјави дека кога првпат се сретнале, имале секс цела вечер. Ајрис зборуваше и за нејзините омилени секс пози.
„Нашата прва заедничка ноќ беше возбудлива. Не сум била со никој 35 години, мислев дека повторно сум девица. Искористивме цело шишенце лубрикант. Следниот ден едвај одев“, се само дел од деталите што ги сподели Ајрис.
Парот набрзо се прослави ширум целиот свет, но дефинитивно го подели мислењето на јавноста – некои ги поддржуваа, некои сметаа дека разликата меѓу нив е преголема, а некои беа сигурни дека Мохамед ја користи Ајрис за пари. Египќанецот го негираше ова.
По венчавката, јавноста го обвинуваше дека стапил во брак со неа за да добие англиско државјанство. Тој го негираше и ова, но кратко по свадбата доби виза која му овозможува тригодишен престој во Англија.
Мохамед остро реагираше на обвинувањата.
„Љубовта не знае за граници. Ајрис ме избра мене, а јас ја избрав неа. Сакам да им кажам на сите кои ја напаѓаат нашата љубов – тоа не е ваш проблем, фокусирајте се на вашите животи.
Гневен сум за она што луѓето го кажуваат, велат дека сум ѝ играчка на Ајрис. Јас сум маж. Јас сум маж, не играчка“.
Парот сепак живееше во Англија, а не е познато дали Мохамед е таму по разделбата или се вратил во родниот Египет.
За Daily Mail, пак, Мохамед изјави дека воопшто не му се важни парите:
„Не ми е важно дали ќе бидеме богати или сиромашни, само сакам да бидам со Ајрис. На крајот од денот, таа ќе избере во која држава сака да живееме – може да биде Англија или Египет.
Луѓето мислат дека сум со неа од погрешна причина. Знам дека Англија е убава држава и многу луѓе сакаат да бидат овде, но мене не ми е важно. Подготвен сум да живеам со неа каде било во светот“.
Парот сепак живееше во Англија, а не е познато дали Мохамед останал таму по разделбата или се вратил во родниот Египет.
Спирова С. | Црнобело