Ја обвинија дека си ги убила децата, помина 20 години во затвор – Која е Кетлин Фолбиг која била неправедно осудена?

20 години се веруваше дека таа во сон ги задушувала своите деца, затоа што не можела да го поднесе нивниот плач. Кетлин Фолбиг долго време беше нарекувана „најлошиот сериски убиец во Австралија“, а сега е помилувана. Што знаеме за Австралијката која неправедно беше обвинета за смртта на своите четири деца?

veruvaa-deka-gi-zadushila-svoite-deca-vo-son-vo-dnevnik-pishuvala-za-nivnata-smrt-koja-e-ketlin-folbig-koja-20-godini-po-greshka-bila-vo-zatvor-01.jpg

Светските медиуми ја пренесуваат веста за ослободувањето на австралијката Кетлин Фолбиг (55) која последните 20 години ги помина во затвор, откако беше обвинета дека ги убила своите четири деца, на возраст од 19 дена до 19 месеци.

Кетлин најчесто ја нарекуваа „најлошиот сериски убиец во Австралија“, а откако биле добиени нови докази, судот конечно ја ослободи затоа што конечно било докажано дека мајката не ги убила своите четири деца и дека поминала две децении во затвор по грешка.

veruvaa-deka-gi-zadushila-svoite-deca-vo-son-vo-dnevnik-pishuvala-za-nivnata-smrt-koja-e-ketlin-folbig-koja-20-godini-po-greshka-bila-vo-zatvor-02.jpg

Нејзиниот случај се наведува како една од најголемите неправди во австралискиот правен систем, а се тврди дека во периодот од 1989-та до 1999-та година таа ги усмртила со задушување своите четири деца, на возраст од 19 дена до 19 месеци.

Кетлин со години наназад се обидувала да ја докаже својата невиност, но судот секогаш ѝ ги отфрлал барањата со тврдење дека нема доволно докази што докажуваат дека таа не ги извршила убиствата.

Која е Кетлин Фолбиг и како беше обвинета за убиствата на своите четири деца?

Кетлин Фолбиг е родена во 1967-ма година, а беше обвинета дека ги убила своите деца Патрик Ален (8 месеци), Сара Кетлин (10 месеци), Лара Елизабет (19 месеци) и Кејлеб Гибсон (19 дена). Убиствата се случиле во периодот од 1989 до 1999-та година.

veruvaa-deka-gi-zadushila-svoite-deca-vo-son-vo-dnevnik-pishuvala-za-nivnata-smrt-koja-e-ketlin-folbig-koja-20-godini-po-greshka-bila-vo-zatvor-05.jpg

Кога Кетлин имала само 4 години, нејзиниот татко ја убил мајка ѝ, така што ја прободел со нож 24 пати. Таткото бил уапсен следниот ден по убиството, по што Кетлин била пратена во згрижувачко семејство.

veruvaa-deka-gi-zadushila-svoite-deca-vo-son-vo-dnevnik-pishuvala-za-nivnata-smrt-koja-e-ketlin-folbig-koja-20-godini-po-greshka-bila-vo-zatvor-13.jpg

Додека растела, Кетлин неколкупати менувала згрижувачки семејства, а било утврдено дека наместо да добие љубов, таа во семејствата била третирана како роб и не ѝ било дозволувано да се дружи и да има пријатели.

Во 1985-та година, откако го завршила средното образование, Кетлин побегнала од последното згрижувачко семејство, по што го запознала Крег Гибсон Фолбиг со кого се омажила во 1987-ма година.

veruvaa-deka-gi-zadushila-svoite-deca-vo-son-vo-dnevnik-pishuvala-za-nivnata-smrt-koja-e-ketlin-folbig-koja-20-godini-po-greshka-bila-vo-zatvor-10.jpg

Само 2 години подоцна, тие го добиле првото дете, кое починало на возраст од 8 месеци. Наводно бебето плачело толку многу, а таа го држела цврсто пришто ненамерно го задушила.

veruvaa-deka-gi-zadushila-svoite-deca-vo-son-vo-dnevnik-pishuvala-za-nivnata-smrt-koja-e-ketlin-folbig-koja-20-godini-po-greshka-bila-vo-zatvor-07.jpg

Второто дете починало набрзо откако сопругот Крег ја нашол Кетлин како вреска над креветчето. Бебето не дишело, па Крег се обидел да го оживее со вештачко дишење, а во болница подоцна било откриено дека бебето страдало од епилепсија и слепило.

veruvaa-deka-gi-zadushila-svoite-deca-vo-son-vo-dnevnik-pishuvala-za-nivnata-smrt-koja-e-ketlin-folbig-koja-20-godini-po-greshka-bila-vo-zatvor-08.jpg

По смртта на третото и четвртото дете, Крег го нашол дневникот на Кетлин и веднаш ја пријавил во полиција.

veruvaa-deka-gi-zadushila-svoite-deca-vo-son-vo-dnevnik-pishuvala-za-nivnata-smrt-koja-e-ketlin-folbig-koja-20-godini-po-greshka-bila-vo-zatvor-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg