Најдобрите реклами за Super Bowl 2020 за кои брендовите трошат 5 милиони долари
- Детали
- петок, 31 јануари 2020
Светските брендови не штедат воопшто кога станува збор за реклами кои се прикажуваат за време на паузите на Super Bowl, а оваа година помеѓу нив ќе се најде и претседателот Доналд Трамп – погледнете ги најдобрите за оваа сезона.
На 3-ти февруари (недела) ќе се одржи Super Bowl по 54-ти пат, а покрај добрата спортска атмосфера, на полувремето секогаш се појавуваат и музички ѕвезди со спектакуларни настапи.
Оваа година на полувремето ќе настапат Џеј Ло и Шакира, кои на прес-конференцијата најавија спектакл.
Освен во спортскиот натпревар и музичкиот перформанс, публиката и гледачите имаат можност да уживаат во генијалните реклами на брендовите кои се прикажуваат за време на паузите.
За овие реклами светските компании трошат огромни суми на пари, а за оваа година се смета дека потрошиле 5.6 милиони долари за 30-секундни реклами.
Со оглед на тоа што ова е најголемиот спортски настан во Америка, со околу 100 милиони гледачи, воопшто не е чудна оваа инвестиција за маркетинг цели.
Голем дел од компаниите ги објавуваат онлајн рекламите уште пред натпреварот, во скратена 30-секундна верзија или целосно.
Покрај светските брендови, помеѓу рекламите оваа година ќе се најде и Доналд Трамп со кратка најава на неговата претседателска кампања.
Погледнете ги рекламите за Super Bowl 2020:
Hyundai
https://www.youtube.com/watch?v=85iRQdjCzj0
https://www.youtube.com/watch?v=RdKvGBhaMWI
Amazon
https://www.youtube.com/watch?v=RF9t2rFmTVE
Microsoft
https://www.youtube.com/watch?v=_xPn4DXIj5w
https://www.youtube.com/watch?v=6xSxXiHwMrg
Doritos Cool Ranch
https://www.youtube.com/watch?v=9OpuHa2vwdk