На 13 години станал зависен од опојни супстанци, 7 години бил во затвор – Приказната за првиот син на Мајкл Даглас
-->
Во 2000-та година кога Мајкл Даглас се ожени за Кетрин Зита Џонс, со цел да му помогне на синот да се ослободи од зависностите, актерот одлучил да му ги блокира сите сметки, надевајќи се дека така ќе го натера конечно да побара помош.
Но, Камерон наместо да се откаже од употребата на опојни супстнаци, почнал да ограбува луѓе, а признава дека во еден миг ограбил и беспомошна старица за да ѝ земе 20 долари.
Освен тоа, за да ја финансира зависноста, Камерон почнал да работи како дилер и во 2009-та година бил уапсен и му била изречена затворска казна од 5 години.
-->
Во 2011-та година додека бил во затвор, му било направено тестирање и откако било утврдено дека кај него има присуство на кокаин и хероин, Камерон добил уште 4 години затворска казна. Тој поминал вкупно 7 години во затвор, од кои 2 години бил во самица.
Во тој период Камерон направи голема тетоважа на своето тело и ги истетовира лицата на татко му и на дедо му, а вели дека тогаш за првпат почнал да го прифаќа своето потекло и да се гордее со татко му и дедо му.
Камерон вели дека токму овој период бил многу значаен за него затоа што тогаш почнал да бара помош за да се ослободи од зависностите. Како што вели, посебно го погодило тоа што татко му добил дијагноза за рак на грлото.
Во 2016-та година Камерон излезе од затвор и дал збор дека повеќе никогаш нема да се врати таму. Набрзо потоа тој почна да живее заедно со неговата девојка Вивиен Тајбс со која денес има две деца.
-->
-->
Денес Камерон води семеен живот, зема часови по глума, затоа што сака да ја продолжи актерската кариера, а најавено е дека наскоро повторно ќе се појави на филмското платно заедно со татко му.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Камерон Дијаз во тајност доби син на 51 година
„Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Ксрдинал Маден...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ...
„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу...
Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
-->