Кајли Џенер критикувана за вознемирувачката креација со глава на лав: „Зошто имаш животно на фустанот?“

„Промовираш ловење животни“, „Кралот на животните не е моден додаток“ - Кајли Џенер критикувана за креацијата со вештачка глава на лав во реална големина, со која се појави на ревија во Париз. Покрај критичарите, има и такви кои ја бранат и сметаат дека креацијата е вистинска уметност, а истата ја носи и Ирина Шајк. 

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-01.jpg

Кајли Џенер (25), се појави на модното шоу на Schiaparelli на Париската модна недела, во стајлинг со необичен додаток, кој предизвика низа коментари во целиот свет.

Таа пристигна на ревијата облечена во црна тоалета, на која беше фиксирана глава на лав со реална големина, што е креација од новата колекција на брендот, која беше промовирана на ревијата на којашто присуствуваше младата богаташка.

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-.jpg

Дизајнот бил направен од креативниот директор на брендот, Даниел Роузбери, и е рачна изработка од вештачки материјали.

„Убавицата и ѕверот. Ти благодарам Даниел Роузбери и Schiaparelli за ова посебно утро. Уживав во тоа што ја носев оваа вештачка уметничка креација, направена рачно“ – напиша таа на Инстаграм.

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot--0.jpg

Иако многумина ја претставија како иновативна, грандиозна и креативна креација, сепак не сите се воодушевени од овој изглед на Кајли.

Оние кои не се воодушевени од креацијата, го претставуваат стајлингот како страшен, смешен и една од најголемите модни грешки, а подетално пишуваат:

„Но, зошто? Зошто воопшто да се имитира ова? Благодарна сум што е лажно, но глетката сепак е вознемирувачка.“

„Ова не е мода.“

„Зошто носиш животинска глава на фустанот? Вештачка или не... ми нема логика“.

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-02.jpg

„Изгледа сега повеќе Американци ќе одат во Африка за да си набават нови модни додатоци од дивината. Промовираш ловење животни. Ова е погрешно од многу аспекти. Кралот на џунглата не е моден додадок“.

„Се надевам дека лавот не е жив.“

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-03.jpg

„Ако лавот оживее, бегајте!“

„Кажи ми дека си лав во хороскоп без да ми кажеш дека си лав.“

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-04.jpg

Сепак, не сите го сфатија изгледот навредливо, а на самата ревија за колекцијата пролет-лето 2023 на брендот, на модната писта со слични креации со вештачки животински глави на лав, волк и леопард, зачекорија и Ирина Шајк, Наоми Кемпбел и други модели, а инспирацијата, креативниот директор на брендот ја црпел од „Пеколот“ на Данте.

kajli-djener-kritikuvana-za-voznemiruvachkata-kreacija-so-glava-na-lav-zoshto-imash-zhivotno-na-fustanot-00.jpg

Повеќе фотографии од изгледот на Кајли: 

M. Л. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg