Пропадна еден од најстабилните бракови во Холивуд – Силвестер Сталоне (76) се разведува по 25 години брак
- Детали
- четврток, 25 август 2022
Сопругата убавица го остави Силвестер Сталоне на 76 години - Џенифер Флејвин (54) поднесе документи за развод со образложение дека нивниот брак е непоправливо уништен. Парот има 3 ќерки и веста за разводот е сосема ненадејна.
Атрактивната сопруга на Силвестер Сталоне, Џенифер Флејвин (54), го запрепасти светот со поднесувањето документи за развод од славниот актер, по 25 години брак.
Само неколку часа потоа таа беше фотографирана во својот автомобил, откако се изјасни дека бракот со легендарниот 76-годишен актер бил непоправливо уништен.
Парот има 3 ќерки, а Џенифер во автомобилот беше со една од нив, поточно со 24-годишната Систин.
Во поднесените документи за развод Џенифер побарала да ја користи нивната раскошна вила со приватна плажа.
Таа побарала од судот да ги заштити нивните заеднички средства затоа што Сталоне намерно почнал со трошење на брачните средства што имало негативно економско влијание врз брачниот имот.
Сталоне пред само неколку дена на десниот бицепс ја прекрил огромната тетоважа од својата сакана со тетоважа од куче, а Џенифер престанала да го следи својот сопруг на Инстаграм.
Неодамна таа напиша: „Моите девојки ми се приоритет. Ништо друго не е важно. Само 4-те ние.“