Факти за најтажната принцеза на светот – гласини дека била сместена во ментална установа, сакала да побегне од свадбата
Шарлин вели дека се вљубила на прв поглед во принцот Алберт:
„Не бев емотивно подготвена за врска, но, во мигот кога го запознав Алберт, почувствував дека тој е мојата судбина. Пишуваат дека сум почувствувала како ми се тресат колената. Тоа е банален начин да го кажете, но тоа е вистината – знаев дека тој е вистинскиот“ – рече Шарлин во една прилика.
Иако принцот Алберт е 20 години повозрасен од неа, тој и Шарлин брзо нашле заеднички теми за разговор. И двајцата се заинтересирани за заштита на животната средина, за хуманитарните организации и секако за олимпискиот спорт.
Откако се запознал со Шарлин, Алберт се соочил со скандал. Имено, една стјуардеса на Air France излегла со тврдење дека во 2003-та година со него го добила синот Александар Грималди Косте. Алберт признал дека Александар навистина е негов вонбрачен син (што го добил додека во тајност се гледал со Шарлин).
Алберт и Шарлин долго време ја криеле врската. Во 2006-та година кралскиот пар го имал своето прво заедничко појавување во јавноста, непосредно откако принцот станал владетел на Монако во 2005-та година.
Во 2006-та година, принцот Алберт признал дека е татко и на второто вонбрачно дете, ќерката на Тамара Ротоло, (Џазмин Грималди). Тамара го тужела принцот во 1992-ра година.
Во 2007-ма година, Шарлин конечно прифати да ја напушти Јужна Африка и се пресели во стан во Монако, каде, иако луѓето биле воодушевени од нејзиниот изглед, таа постојано морала да се бори со љубоморните испади на жените во високите кругови што сметале дека принцот требало да избере некоја од нив.
-->
-->
Во 2010-та година принцот Алберт клекнал на колено и ја побарал Шарлин за сопруга, откако претходно разговарал со нејзниот татко и побарал негов благослов.
-->
Само неколку недели пред свадбата во медиумите се појавија информации дека Алберт има и трето вонбрачно дете, по што Шарлин одлучи да се затвори себеси во Амбасадата на Јужна Африка и одбиваше да се врати дома.
Продолжува на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери)
Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес
Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...