Бурна врска со актерот од „Касандра“, го изневери поранешното момче со Пике - Љубовниот живот на Шакира (фото)
-->
Освалдо Риос кој во Порторико е познат по големиот број скандали и трите несупешни бракови неодамна говореше за романтичната врска со тогаш младата пејачка. Тој рече дека нивната врска била мошне сериозна па дури разговарале за тоа да стапат во брак и да живеат заедно.
„Таа само што ја започна музичката кариера и пред неа го имаше целиот нејзин живот. Кога сакаш некого подобро е да го ослободиш и тоа е најдобар доказ дека го сакаш. Таа требаше да полета, а не да остане заробена со мене“ – рече актерот кој во моментов има 61 година.
Пред да ја започне врската со Пике, Шакира 10 години била во врска со друг познат маж. Од 2000-та до 2010-та година таа беше заедно со адвокатот Антонио де ла Руа (48), син на арегнтинскиот претседател Фернандо де ла Руа.
-->
Антонио и Шакира се запознале додека тој работел на политичката кампања на неговиот татко, а нејзе ѝ помагал со промовирање на новиот албум и ја менаџирал нејзината турнеја.
Во 2010-тата го запозна Пике, а во 2011-та година раскина со Антонио. Во меѓувреме имаше гласини дека пејачката го изневерила тогашното момче со Пике, но таа и Антонио и понатаму останаа пријатели, а синот на аргентинскиот претседател остана да работи како нејзин адвокат.
Сепак, во 2012-та и 2013-та година Антонио ја тужеше Шакира и бараше 100 милиони долари компензација за долгите години додека работел за неа, тврдејќи дека таа целиот успех и глобалната слава му ги должи нему. Тужбата била отфрлена од страна на судот.
Додека Шакира беше заедно со Пике, Антонио се жени со Даниела Рамос со која има две деца Зулу (6), Маел (3), но по шест години брак, парот се разведе.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери)
Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“
Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат...
„Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...