„По забавите со Мерлин Менсон 3 дена бев заложник, ме силуваше со шише“ - Амбер Херд со нови тврдења против Џони Деп
- Детали
- среда, 13 април 2022
Амбер Херд тврди дека покрај физичкото малтретирање, Џони Деп ја малтретирал и сексуално, па наводно, во една прилика откако ја претепал, пенетрирал во неа со шише, а сестрата на актерот сведочи како била сведок на насилството и погрдните зборови со кои Херд се обраќала кон Џони, но открива и дека со брат ѝ биле жртви на насилство од мајка им.
Иако се разделија уште во 2016-та година, судската сага помеѓу Џони Деп и Амбер Херд сè уште продолжува.
Во обид да си го врати угледот и да ја спаси сопствената кариера, актерот бара оштета од неговата поранешна сопруга која во минатото излезе со шокантни тврдења за насилство.
Во вторникот (12.04) започна судењето во кое актерот Џони Деп (58) бара отштета од 100 милиони долари од поранешната сопруга Амбер Херд (35).
Адвокатите на актерката која и во минатото откриваше повеќе шокантни детали од нивниот брак, изнесоа нови докази за насилството што таа го претрпела.
Според адвокатите на Херд, насилното однесување секогаш било последица на консумирањето алкохол и дрога.
Така по добра забава со неговиот пријател Мерлин Менсон, актерот сосема „исклучил“ од прекумерно користење дрога и три дена ја држел во „заложничка ситуација“ во Австралија.
Во тие денови, наводно Џони Деп фрлал шишиња врз неа, ја тепал, ја клоцал, се заканувал дека ќе ја убие и на крај пенетрирал во неа со шише.
Прочитајте и Таа извршила нужда во кревет, тој со урина го испишал нејзиното име на ѕид - Најбизарните моменти од бракот на Џони Деп и Амбер Херд
Портпаролите на актерот веднаш ги отфрлија ваквите тврдења на поранешната сопруга на Џони Деп. Според нив, Амбер Херд ова не го изнела на првите рочишта во 2016-та година и ова е првпат да тврди дека била жртва и на сексуално насилство.