Нови ексклузивни фотки и сите детали за раскошната свадба на Бруклин Бекам и Никола Пелц
7. Младоженецот носеше одело потпишано од Dior, надополнето со дијамантски синџир на реверот, кој е подарок од семејството на сопругата.
8. По свадбената церемонија, гостите заедно со нововенчаниот пар, се префрлиле на коктел, во просторија декорирана со сезонски бели црешови цветови, со џез квартет, а потоа и бенд од 12 членови кој ја предводел вечерта во свадбениот шатор, декориран со голем број цветни аранжмани.
9. Освен кумот, своите емоции ги пренеле и браќата на Бруклин, Ромео и Круз, како и неговиот татко Дејвид, со говори посветени на Бруклин и неговата нова сопруга.
10. По вечерата, парот го одиграл првиот танц на Only Fools Rush In, а потоа на подиумот преовладувале пријателите на младенците од светот на шоубизнисот, како и најблискиот круг на пријатели на нивните семејства.
11. Свесни за случувањата на другиот крај на светот, Бруклин и Никола, во соработка со хуманитарна агенција, ги поканиле гостите да донираат во нивно име за да се обезбеди помош за жени и девојчиња, семејства и постари луѓе во Украина.
Прочитајте и Страстен бакнеж од 6 секунди, познати гости – Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа на нејзиниот имот од 103 милиони долари (фото)
М. М. | Црнобело / фото: Vogue