Страстен бакнеж од 6 секунди, познати гости – Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа на нејзиниот имот од 103 милиони долари (фото)
- Детали
- недела, 10 април 2022
Откако беа прогласени за сопруг и сопруга на традиционална еврејска церемонија, Бруклин ја бакна страстно невестата Никола, која беше гламурозна во невестински стајлинг на Valentino во вредност од 4 милиони долари - долгоочекуваната свадба на наследникот на Бекамови со Никола Пелц, конечно се случи на имотот на богатото семејство на невестата.
Долгоочекуваната свадба на Бруклин Бекам и Никола Пелц, се случи рано вечерта на 9-ти април.
Подготовките траеја подолго време, а гостите беа фотографирани како пристигнуваат на семејниот имот на Пелц во Флорида, кој чини 103 милиони долари.
Помеѓу ексклузивната листа на гости се најдоа Ева Лонгорија, Мел Си, Гордон Ремзи, Серена Вилијамс и многу други.
Според DailyMail младоженецот бил забележан како сам чека опколен со цветни аранжмани 15 минути пред Никола да пристигне во невестински изглед кој чини 4 милиони долари, со креација потпишана од Valentino.
Свадбената церемонија беше со еврејски обичаи во чест на потеклото на Никола, а парот се држеше до традициите, па Бруклин со нога смачкал чаша завиткана во салфета, а откако беа венчани од рабин, тој ѝ приушти страстен 6-секунден бакнеж.
Браќата на Бруклин беа избрани за кумови, а неговата помала сестра Харпер беше деверица.
Мама Викторија се појави во сребрена тоалета со косата фатена во пунџа, држејќи се за рака со Дејвид кој не разочарува со своите елегантни стајлинзи.
Фотографите од DailyMail и другите светски медиуми успеале да „уловат“ некој момент низ прозорец, но семејствата добро се погрижиле парот да биде скриен и да не се гледаат целосно, а посебно да не се открие целосно невестинскиот фустан.
Во исчекување на ексклузивните свадбени фотки, погледнете неколку направени низ прозорец:
М. М. | Црнобело