Беше најпластичниот маж на светот, сега е жива Барби на плажа во Бразил - ослабе 35 килограми по операцијата (фото)
- Детали
- понеделник, 29 ноември 2021
Џесика Алвес сега е 38-годишна русокоса, но некогаш беше Родриго Алвес... Нејзината бизарна зависност од пластични операции не сопира.
Џесика Алвес некогаш беше позната како најпластичниот маж на светот Родриго Алвес, а сега за себе вели дека е жива Барби. Таа години наназад не престанува со пластичните операции.
38-годишната Џесика деновиве позираше во бикини издание на плажа во Бразил за календарот кој го подготвува за 2022-ра година.
Таа ослабе 35 килограми, откако си направи операција на желудникот.
„Потрошив многу години од животот несреќна и сега е време да ја истражам мојата женственост и сензуалност додека можам.“
Во август Џесика сподели дека ја изгубила невиноста како жена и дека тоа било некомфорно искуство.
Таа вели дека се чувствува одлично во своја кожа, иако многумина ја осудуваат нејзината бизарна зависност од операции.
Како изгледаше Џесика некогаш:
Како изгледа Џесика Алвес денес: