Два разводи и многу неуспешни врски – кои се бившите момчиња на Џенифер Анистон?

Бред Пит

Дефинитивно најпознатата врска на Џенифер. Актерите се запознаа во 1994 година, но почнаа да се гледаат дури две години подоцна.

Иако се обидуваа да се држат понастрана од јавноста, за брзо станаа најпознатиот пар на планетата. Се венчаа во 2000 година, а тогаш Бред гостуваше и во „Пријатели“.

Во 2004 година актерката откри дека веќе размислува и за дете, но само една година подоцна парот се раздели. Тој период Бред работеше со Анџелина Џоли на Mr. & Mrs. Smith, па се јавија гласини дека почнале да се гледаат.

Го финализираа разводот во 2005 година и иако на почетокот го заладија односот меѓу нив, сега повторно се добри пријатели.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-07.JPG

Винс Вон

Речиси веднаш по разводот со Бред, Џенифер почна да се гледа со колегата Винс Вон. Врската траеше едвај една година, но според Џенифер, таа била навистина среќна тој период.

„Винс буквално ме врати во живот. Беше одлично. Навистина го сакам. Беше прекрасен и забавен во периодот кога бевме заедно. А, тогаш ми требаше токму тоа“, изјави актерката во 2008-ма.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-08.JPG

Џон Мајер

Џон и Џенифер се запознаа на Оскарите во 2008 година, речиси веднаш почнаа да се гледаат, а нивната врска траеше до 2010 година, но со неколку раскинувања.

Џенифер изјави дека, едноставно, сфатиле дека не си одговараат како пар, но Џон сподели дека бил многу повреден.

„Всушност, ја немам целосно преболено разделбата. Тоа беше најлошиот момент во мојот живот“, изјави тој кратко по раскинувањето.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-09.JPG

Џастин Теру

Вториот неуспешен брак на Џенифер беше со Џастин Теру. 

Парот се запозна на сетот на Tropic Thunder, за кој Џастин го напиша сценариото, а првите гласини дека се заедно се појавија во 2011 година. 

Во 2012-та тие се вселија заедно, а истата година, на 41-иот роденден на актерката, Џастин ја побара за жена.

Парот чекаше речиси три години, па во 2015 година направија тајна венчавка, по што почнаа нивните проблеми.

Наводно, најголем проблем им претставувало постојаното внимание од јавноста, за што Џенифер изјави дека се чувствува нападнато:

„Има агресивни фотографи пред нашиот дом кои ќе направат буквално сè за да направат некоја фотографија“.

Со текот на времето, Џастин и Џенифер почнале да сфаќаат дека имаат различни желби и планови, па во 2018 година соопштија дека му ставаат крај на бракот.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-10.JPG

По двата неуспешни бракови и многуте пропаднати врски, сега Џенифер вели дека сака да се посвети на себе. Но сепак, смета дека би почнала врска ако ја сретне вистинската личност.

„Мислам дека е време. Мислам дека сум подготвена да го делам животот со друг.

Долго време не го сакав ова и навистина ми се допаѓаше што бев сингл. Цели 20 години постојано бев во некоја врска, па мислам дека ми годеше што одвоив време само за себе“.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg