Метју Пери во непрепознатливо издание + детали за борбата со алкохолизмот: „Тешко се решава 30-годишен проблем“
Неговата состојба со зависностите дополнително се влошила откако имал несреќа со џет-ски во 1997-ма година кога му биле препишани лекови против болки, од кои подоцна ќе стане зависен.
Преку ден ја играл улогата на Чендлер, а во приватниот живот целосно се „распаѓал“.
Истата година за првпат отишол на рехабилитација, но по излегувањето набрзо се вратил на старите навики. Во 2000-тата година имал воспаление на црниот-дроб поради претерано консумирање алкохол, но и тоа не го уплашило за да застане и да се откаже од лошите навики.
Истиот ден кога го пуштиле од болница пијан удрил со неговото возило во куќа, но за среќа куќата била празна.
Тој повторно ќе се врати на рехабилитација во 2001-вата година, по што продолжил со снимањето на последната сезона од Friends.
Во една прилика кога говорел за сопствените проблеми со зависностите Метју Пери ќе изјави:
„Не можеш да очекуваш дека за 28 дена ќе го решиш проблемот, ако 30 години претходно си бил зависен од дроги.“
Борбата со зависностите продолжува и во следните години. Во 2011-та година го продолжил лекувањето, а во 2013-та година одлучил да отвори институција за трезни мажи и да им помогне на луѓето што се соочуваат со слични проблеми.
„Имав многу падови и воздигнувања во животот. Научив многу од моите падови. Но, најдоброто е тоа што ако сега некој алкохоличар дојде и побара помош од мене, јас ќе му кажам: ‘Да, знам како да ти помогнам’“ – рече тој во една прилика.
Погледнете повеќе фотографии како Метју изгледа денес:
Б. С. Б. | Црнобело