Вистинската љубов никогаш не доцни – најдобрите ретро фотки од Џенифер Лопез и Бен Афлек (фото)
- Детали
- сабота, 16 октомври 2021
Некои мислат дека се работи за вистинска љубов и сродни души. Други пак сметаат дека тие само глумат со цел да се здобијат со поголемо медиумско внимание.
Како и да е, сите погледи се насочени кон парот кој повторно ја воскресна кованицата „Бенифер“.
По разделбата со Алекс Родригез, Џенифер Лопез се врати повторно во прегратките на поранешното момче Бен Афлек.
Нивната љубовна историја се протега неверојатни 19 години наназад. Двојката се запозна на почетокот на 2002 година за време на снимањето на филмот Gigli, додека Лопез сè уште беше мажена за нејзиниот втор сопруг Крис Џад.
Во ноември истата година, двојката ја објави својата свршувачка. Но, за жал, парот никогаш не стигна до олтарот.
Официјалната објава на 23 јануари 2004 година потврди дека Џенифер ја раскинала свршувачката со актерот.
Оттогаш се случија навистина многу работи за двајцата, но се чини дека љубовта не згаснала никогаш.
Парот ги полни насловните страници и двајцата не се одвојуваат, па многумина претпоставуваат дека Бен и Џен конечно ќе запливаат во брачните води.
А како изгледаа тие на почетокот на 2000-тите? Погледнете ги старите ретро фотки на „Бенифер“: