Христијански култови, навреди кон колегите – шармантното детенце од Two and a Half Men изгледа како друга личност (фото)

Откако актерот целосно ѝ се посвети на религијата, почна да ја оцрнува серијата што го направи богат и популарен. Тој апелираше до фановите да престанат да ја гледаат бидејќи била одвратна, полна со гревови и им ги перела мозоците. Актерот не штедеше зборови кога ја навредуваше серијата, заедно со креаторите и неговите колеги:

„Не можете да бидете божја личност и да глумите во таква серија“.

Потоа, наводно, Ангус сфатил дека направил огромна грешка, па јавно им се извини на колегите, притоа изјавувајќи дека било благослов да работи со луѓе како нив.

hristijanski-kultovi-navredi-kon-kolegite-sharmantnoto-detence-od-two-and-a-half-men-izgleda-kako-druga-lichnost-foto-02.JPG

Иако можеби го подобрил односот со колегите, Ангус сепак ја напушти серијата по 10-тата сезона поради неговата вера.

„Серијата правеше шеги од работи што се реални проблеми за некои луѓе. Јас бев платен лицемер бидејќи ова не ми допаѓаше, но сепак го правев“.

Следно, Ангус се запишана факултет во Колорадо и почна да се повлекува од јавноста. Тој период изјави дека е пресреќен со оваа одлука и дека вистински ужива во нормалниот живот каде што не е во центарот на вниманието.

hristijanski-kultovi-navredi-kon-kolegite-sharmantnoto-detence-od-two-and-a-half-men-izgleda-kako-druga-lichnost-foto-03.JPG

И покрај целата драма, Ангус сепак се појави во финалето на Two and a Half Men. Креаторот на серијата, Чак Лори, даде и изјава за гостувањето на Ангус во последната епизода:

„Сето тоа е поминато. Ангус се извини кратко по неговите лоши коментари. Сега сме во одлични односи“.

hristijanski-kultovi-navredi-kon-kolegite-sharmantnoto-detence-od-two-and-a-half-men-izgleda-kako-druga-lichnost-foto.JPG

Иако верата го натерала да направи огромни животни промени, во 2016-та Ангус откри дека сега веќе не е толку посветен на христијанските организации:

„Изминативе неколку години бев вклучен во разни христијански организации. Но, сега се држам настрана од тоа. Сакам да видам каква личност ќе станам без организација која постојано ќе ми кажува дали сум добар или лош“.

Наводно, Ангус направил пауза и од факултетот и вели дека сака да глуми во иднина, но уште размислува за тоа дали и како да ја обнови кариерата во Холивуд.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg