Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон-Вајтли ќе станат родители по вторпат – чекаат децата да пораснат за да прават свадба

34-годишната Роузи и 54-годишниот Џејсон ќе станат родители по вторпат, а моделот ги сподели вестите со Инстаграм објава. Иако се верени неколку години, парот вели дека најверојатно ќе почекаат децата да пораснат пред да направат свадба.

dzhejson-stejtam-i-rouzi-hantington-vajtli-kje-stanat-roditeli-po-vtorpat-chekaat-decata-da-porasnat-za-da-pravat-svadba-01.jpg

Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам го очекуваат второто дете, а моделот ги сподели вестите со неколку Инстаграм фотки.

dzhejson-stejtam-i-rouzi-hantington-vajtli-kje-stanat-roditeli-po-vtorpat-chekaat-decata-da-porasnat-za-da-pravat-svadba-05.JPG

На својот Инстаграм профил, 34-годишната Роузи сподели фотки со неколку различни модни комбинации, со опис: „Та да! Втора рунда“.

dzhejson-stejtam-i-rouzi-hantington-vajtli-kje-stanat-roditeli-po-vtorpat-chekaat-decata-da-porasnat-za-da-pravat-svadba-04.JPG

dzhejson-stejtam-i-rouzi-hantington-vajtli-kje-stanat-roditeli-po-vtorpat-chekaat-decata-da-porasnat-za-da-pravat-svadba-03.JPG

Како и секогаш, моделот изгледа беспрекорно со ситe комбинации, а на една од фотографиите се забележува и нејзиното трудничко стомаче.

На фотката Роузи носи бел фустан со долги ракави и со едната рака го држи стомакот.

dzhejson-stejtam-i-rouzi-hantington-vajtli-kje-stanat-roditeli-po-vtorpat-chekaat-decata-da-porasnat-za-da-pravat-svadba-02.JPG

Роузи и Џејсон се заедно од 2010 година, а се верија во 2016-та. Тие имаат едно дете, 4-годишниот син Џек. Парот го доби детето околу година откако се верија, но велат дека не им се брза за венчавка. Моделот изјави дека засега, бракот не им е приоритет.

„Се радуваме за тој миг во иднина. Но исто така, сега не ни е приоритет, многу сме среќни. Мислам дека ќе биде забавно да се венчаме кога детето ќе порасне и ќе може да биде дел од свадбата“, откри Роузи во 2018-та.

dzhejson-stejtam-i-rouzi-hantington-vajtli-kje-stanat-roditeli-po-vtorpat-chekaat-decata-da-porasnat-za-da-pravat-svadba-06.JPG

Таа сподели дека со Џејсон разговарале за венчавка, но премногу се фокусирани на работата, како и нивното дете, па засега ќе почекаат.

dzhejson-stejtam-i-rouzi-hantington-vajtli-kje-stanat-roditeli-po-vtorpat-chekaat-decata-da-porasnat-za-da-pravat-svadba-07.JPG

Роузи уште минатата година откри дека таа и Џејсон дефинитивно ќе имаат уште деца, но и дека Џејсон е одличен татко. Моделот честопати изјавува и дека 20-годишната возрасна разлика меѓу нив никогаш не им била проблем. Роузи неретко се шегува и за тоа што таа е повисока од Џејсон со штикли.

„Џејсон е неверојатен татко. Тој е партнер кој ме поддржува и заштитува и е многу смешен. Кога сум во штикли дефинитивно сум повисока од него… но поминаа 11 години и сигурна сум дека сега му годи“.

dzhejson-stejtam-i-rouzi-hantington-vajtli-kje-stanat-roditeli-po-vtorpat-chekaat-decata-da-porasnat-za-da-pravat-svadba-8.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Светски и регионални ѕвезди кои очекуваат (или добија) дете во 2024-та Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус го очекуваат нивното прво дете, додека Милош Би...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg