„Ги бањаш 4-ти пат неделава? Ќе ги стопиш!“ - Ештон Кучер и Мила Кунис одговорија на критиките за хигиената на децата
- Детали
- петок, 13 август 2021
„Четврти пат ги бањаш децата! Многу е!“ - Ештон Кучер и Мила Кунис на свој начин одговорија на критиките уптени кон нив откако претходно признаа дека децата ги бањаат дури откако ќе бидат видливо валкани и не користат сапун.
Ештон (43) и Мила (37) признаа дека ги бањаат ќерката Вајат (6) и синот Димитри (4) само кога изгледаат валкани, а не секој ден како што е пракса кај многу родители.
Тие тврдеа дека ова го прават за да избегнат да користат сапун на телата на нивните деца.
Па така, како што открија, дури и кога ќе одлучат да ги бањаат децата, речиси и да не користат сапун затоа што не сакаат да им се исуши кожата.
По ова следеше низа критики за нивните хигиенски навики, а актерската двојка реши да даде одговор, на свој, шеговит начин.
Тие објавија кратко видео на Инстаграм во кое го слушаме Ештон како на шега ѝ вели на Мила:
„Ставаш вода на децата? Се обидуваш да ги стопиш? Ова е 4-ти пат оваа недела... Многу е!“
Познатата актерска двојка говореше за сопствените шокантни хигиенски навики во поткастот Armchair Expert на Дакс Шепард и Моника Падман.
Погледнете го видеото во кое Кучер и Кунис се пошегуваа на своја сметка:
Прочитајте повеќе: Бизарно признание на Мила Кунис и Ештон Кучер: „Децата не ги бањаме додека не се извалкаат, а сапун ретко користиме“
Б. С. Б. | Црнобело