Џеј Ло и Бен Афлек – славни парови кои решија да ѝ дадат уште една шанса на нивната врска

Џеј Ло и Бен Афлек се смирија по цели 17 години, а Зејн Малик и Џиџи Хадид раскинуваа и се смируваа трипати, па и повеќе.

dzhej-lo-i-ben-aflek-slavni-parovi-koi-reshija-da-dadat-ushte-edna-shansa-na-nivnata-vrska-01.jpg

Иако можеби ретко, многупати луѓето сакаат да ѝ дадат уште една шанса на пропадната врска, најмногу бидејќи станува збор за личност којашто навистина ја ценат. Некогаш овие втори шанси завршуваат како уште еден пропаст, но некогаш се покажуваат како вистинскиот избор.

Истото се случува и во светот на славните – многу познати парови биле заедно и раскинувале дури и по неколкупати, пред конечно да се венчаат или да основаат семејство.

Во продолжение погледнете неколку од нив:

Џенифер Лопез и Бен Афлек

Штом Џеј Ло ја раскина свршувачката со Алекс Родригез, многу фанови потајно се надеваа дека можеби конечно ќе му даде уште една шанса на Бен Афлек. И, пејачката го направи токму тоа.

Џеј Ло и Бен ја почнаа врската во 2002-ра, а истата година и се верија. Во 2004-та ја раскинаа свршувачката, но годинава, скоро две децении подоцна, повторно се пар.

dzhej-lo-i-ben-aflek-slavni-parovi-koi-reshija-da-dadat-ushte-edna-shansa-na-nivnata-vrska-02.JPG

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

Џастин и Џесика се запознаа на роденденска забава во 2007-ма година, а набрзо потоа ја почнаа врската. Во 2011-та тие изјавија дека се разделуваат, но дека ќе останат добри пријатели.

Но, истата година парот повторно беше забележан заедно во јавност, а до Нова година, Џастин ја запроси актерката. Стапија во брак во 2012-та и сега се горди родители на две деца.

dzhej-lo-i-ben-aflek-slavni-parovi-koi-reshija-da-dadat-ushte-edna-shansa-na-nivnata-vrska-03.JPG

Џастин и Хејли Бибер

Џастин првпат ја запознал Хејли во 2009-та, а има и видео од нивната прва средба.

Дури во 2014-та се појавија првите гласини за нив како пар, а и двајцата жестоко ги негираа. Хејли и Џастин признаа дека се заедно во 2016-та година, откако пејачот сподели фотка на којашто се бакнуваат. Но, само неколку месеци подоцна тие се разделија и Џастин беше забележан со друга девојка

Во 2018-та Хејли и Џастин ѝ дадоа уште една шанса на врската, а истата година пејачот ја запроси и се венчаа.

dzhej-lo-i-ben-aflek-slavni-parovi-koi-reshija-da-dadat-ushte-edna-shansa-na-nivnata-vrska-04.JPG

Џиџи Хадид и Зејн Малик

Во 2015-та Џиџи раскина со Џо Џонас, а Зејн ја раскинаа свршувачката со тогашната вереница. Кон крајот на годината, Џиџи и Зејн беа забележани заедно во јавност, а извори блиски до нив споделија дека се гледаат, но дека меѓу нив нема ништо сериозно.

Во 2016-та Зејн и Џиџи станаа еден од омилените славни парови, но истата година раскинаа. Сепак, оваа разделба траеше многу кратко, па само неколку месеци подоцна повторно беа забележани заедно во јавност.

Во 2018-та имаа уште една кратка разделба, а истото се случи и во 2019-та. Конечно, во 2020-та, изгледа Џиџи и Зејн ги надминале разликите и јавноста дозна дека го очекуваат нивното прво дете.

dzhej-lo-i-ben-aflek-slavni-parovi-koi-reshija-da-dadat-ushte-edna-shansa-na-nivnata-vrska-05.JPG

Роуз Лесли и Кит Харингтон

Ѕвездите од Game of Thrones се во брак и имаат дете, но и нивната врска e полна со пресврти.

Тие се запознаа на сетот на хит-серијата, а во 2012-та се појавија првите гласини дека се пар. Иако тие никогаш не го потврдија ова, следната година извор близок до актерите сподели дека се разделиле.

Во 2014-та, Us Magazine соопшти дека Кит и Роуз се повторно заедно, но актерите уште ја негираа врската. Тие признаа дека се пар дури во 2016-тa, а следната година се верија. Се венчаа во 2018-та и сега имаат и едно синче.

dzhej-lo-i-ben-aflek-slavni-parovi-koi-reshija-da-dadat-ushte-edna-shansa-na-nivnata-vrska-06.JPG

Пинк и Кери Харт

Слично како Џиџи и Зејн, и врската на Пинк и Кери е мошне драматична. 

Тие се запознаа во 2001-ва, некое време беа заедно и имаа кратка разделба во 2003-та. Потоа, во 2005-та Пинк го запроси Кери и се венчаа следната година. По само две години, тие се разделија, но во 2010-та повторно беа заедно. Парот уште е во брак и заедно имаат две деца.

dzhej-lo-i-ben-aflek-slavni-parovi-koi-reshija-da-dadat-ushte-edna-shansa-na-nivnata-vrska-07.JPG

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Вилијам и Кејт се познаваат од студентските денови и најпрво биле пријатели. Според изворите, првпат станале пар во 2003-та година, а јавноста дозна за ова во 2004-та.

Тие ја продолжија врската и откако дипломираа, но во 2007-ма се разделија. Овој период Вилијам беше на обука за воен пилот, а Кејт работеше во Лондон. Истата година тие ѝ дадоа уште една шанса на врската, а во 2010-та ги соопштија новостите за нивната свршувачка.

Следната година стапија во брак и сега имаат и три деца.

dzhej-lo-i-ben-aflek-slavni-parovi-koi-reshija-da-dadat-ushte-edna-shansa-na-nivnata-vrska-08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg