Раскинал свршувачка, има 14 години помлада девојка: Градинарот (42) од „Очајни домаќинки“ и денес е вистински заводник
- Детали
- вторник, 01 јуни 2021
Се сеќавате ли на неодоливиот градинар на Габриел Солис (чиј лик го глумеше Ева Лонгорија) во серијата „Очајни домаќинки“? Тој и денес изгледа неодоливо!
Тој по фамозната улога на градинарот од „Очајни домаќинки“ со која ги освои срцата на жените ширум светот имаше уште низа појавувања во серии, но ниту едно не привлече така големо внимание.
Сексапилниот Џеси Меткалф денес има 42 години и изгледа подеднакво привлечно, како и некогаш.
Џеси беше во врска со актерката Кара Сантана 13 години, а беа и свршени, пред да се разделат во јануари 2020 година.
Сега, тој е во врска со Корин Џејми Ли (28), модел од Ванкувер.
Парот веќе прикачува заеднички фотографии на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/CPiuH3bBBai/
https://www.instagram.com/p/CI-62vihPME/
Како изгледа Мет денес:
https://www.instagram.com/p/COdMOHwBvhf/