По смртта на девојката од рак, пронајде среќа повторно - кој е и што прави синот на Камила и посинокот на принцот Чарлс?
- Детали
- понеделник, 03 мај 2021
Сопругата на идниот крал на Велика Британија Камила Паркер Боулс има две деца, а нејзиниот син неодамна доживеа страшна трагедија.
Синот на Камила Паркер Боулс има 46 години и е наградуван автор и кулинарски критичар. Том Паркер Боулс, кој е посинок на принцот Чарлс со кого неговата мајка е во брак, неодамна ја изгуби својата сакана новинарката Алис Прокоп (42).
Тој покрај неа пронајде среќа, откако се разведе во 2019 година од неговата сопруга Сара по 13 години брак, но за жал Алис неодамна почина од рак.
Сопругата Сара
Том полека си ја враќа насмевката на лицето по трагичнaта загуба, а доказ за тоа се фотографиите направени во Лондон на кој се гледа дека ужива во прошетка со некоја негова пријателка или пак нова девојка.
Новата девојка/пријателка
Инаку, пријателите на Том велат дека тој бил пресреќен за време на 2-годишната врска со Алис и разочаран е од тоа колку животот е нефер. Дијагнозата на неговата сакана за жал дошла предоцна, а болеста веќе била во напреден стадиум.
Том е близок со принцот Чарлс, кој всушност е иден крал на Велика Британија и негов очув.
Том е познат автор, има напишано 5 кулинарски книги и добиено низа награди за истите.
Том повторно пронајде среќа:
С. С. | Црнобело