Принцот Вилијам и Кејт прославија 10 години брак со романтични портрети + љубовни драми и забави додека беа во врска, низ фотки

Кејт и Вилијам денес (29 април) слават 10 години брак, а по тој повод објавија нови портрети на кои изгледаат среќно и заљубено. Но, како и сите други, така и тие мораа да поминат низ препреки и разни предизвици во врската, особено ако се земе предвид дека тие се двојка што е постојано во центарот на вниманието. 

princot-vilijam-i-kejt-proslavija-10-godini-brak-so-romantichni-portreti-ljubovni-drami-i-zabavi-dodeka-bea-vo-vrska-niz-fotki-01.jpg

Кејт и Вилијам успеаја да ги надминат сите препреки и денес се моќен, кралски пар, а по повод 10-годишнината од бракот, на официјалниот профил на Кензингтонската палата беа објавени нови фотки од нив, направени оваа недела. 

Јавноста е навикната да ги гледа заедно годинини наназад, а малкумина се сеќаваат дека имаше и период кога тие ја прекинаа врската и не се гледаа, па во продолжение накратко ве потсетуваме на нивната љубовна приказна. 

Кејт и Вилијам првпат се запознаа пред две децении, во 2001 година, додека студираа на University of St. Andrews во Шкотска.

Според медиумите, тие заедно престојувале во студенсткиот дом St Salvator's Hall, брзо станале пријатели, но нивната врска започнува дури во 2003 година.

Фотографиите од периодот кога беа само пар прикажуваат бурен ноќен живот, љубовни драми, посета на спортски настани, концерти и свадби на пријателите.

Кејт, исто така, е присутна и на фотографиите од некои од најважните мигови во животот на Вилијам, како на пример неговото дипломирање во 2006 година.

nokjen-zivot-ljubovni-drami-fotki-od-vremeto-koga-kejt-i-vilijam-bea-vo-vrska-pred-taa-da-vleze-vo-kralskoto-semejstvo02.jpg

Сепак, нивната врска не беше бајка. Извесен период Кејт и Вилијам беа разделени, откако раскинаа во 2007 година, пред повторно да ѝ дадат шанса на врската. Во периодот кога се случи тоа, кралското семејство не сакаше да коментира, туку само изјави дека тоа е приватен живот на Вилијам.

Наводно, една од причините за раскинувањето е настан од крајот на 2006 година, кога семејството на Кејт го поканило Вилијам да ја прослави новогодишната ноќ со нив.

Родителите на Кејт резервирале вила во едно снежно село во Шкотска. Вилијам се согласил да дојде, но потоа се премислил и не се појавил.

По новогодишната ноќ, Вилијам се посветил на своите воени обврски и парот не бил во можност да се гледа. Покрај тоа, принцот не бил сигурен што сака од врската со Кејт, а дури и се консултирал со кралицата, која, пак, наводно го советувала да не брза со одлуката.

nokjen-zivot-ljubovni-drami-fotki-od-vremeto-koga-kejt-i-vilijam-bea-vo-vrska-pred-taa-da-vleze-vo-kralskoto-semejstvo03.jpg

Додека за него осамнувале наслови од вечерни излегувања, па и флерт со жени во Лондон, Кејт била под константен притисок и надзор од медиумите.

Сите овие причини довеле до крајот на нивната врска во 2007 година. Но, тие повторно почнуваат да се гледаат подоцна истата година и повторното стапување во врска го прославија со одмор на Сејшелите. Тому овде тие ја зацврстуваат врската и почнуваат да зборуват за нивната заедничка иднина.

Вилијам ја запроси Кејт со вереничкиот прстен од неговата мајка Дијана, додека беа на одмор во Кенија во октомври 2010 година.

Како што веќе напоменавме, раскошната свадба се случи во април 2011 година, а нивното прво дете, синот Џорџ, го добија во јули 2013-та. Останатото е историја.

nokjen-zivot-ljubovni-drami-fotki-od-vremeto-koga-kejt-i-vilijam-bea-vo-vrska-pred-taa-da-vleze-vo-kralskoto-semejstvo04.jpg

Сепак, сега кога веќе се во брак цели 10 години и кога веќе сме навикнати да ги гледаме во формално издание, интересно е да се навратиме назад и да видиме како го поминувале времето пред да бидат во центарот на вниманието.

Во продолжение погледнете ги и фотографиите од времето кога Кејт и Вилијам беа млади и безгрижни:

kate-will-2.jpg

kate-will-18.jpg

kate-will-14.jpg

kate-will-13.jpg

kate-will-12.jpg

kate-will-11.jpg

kate-will-10.jpg

kate-will-9.jpg

Уште 10 фотки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg