Една од најубавите Швеѓанки објави смели селфи фотки како ја дои ќеркичката
- Детали
- среда, 31 март 2021
Шведската убавица се враќа на работните обврски по само месец и половина од породувањето, но на работа со неа ја зема и ќеркичката, која уште цица.
Елса Хоск дефинитивно е една од најубавите Швеѓанки.
Славниот шведски супермодел се реализираше во улогата на мајка на 11-ти февруари со својот партнер Том Дејли, со кого се состанува од 2015 година.
„Најсреќен ден во мојот живот ми беше денот кога те запознав тебе. Миг на кој сум најгорда во животот е мигот кога те родив тебе“, напиша емотивната Елса по породувањето.
Сега таа сподели неколку селфи фотки направени додека ја дои својата ќеркичка и во описот напиша:
„Прв ден на мама на сет и гледајте кој дојде со мене“.
Инаку, Елса се враќа на работните обврски по месец и половина од породувањето.