Пие „шотови“ неколку месеци откако откри дека е трезна - Дали Мајли Сајрус пак се врати на старите навики? (видео)
- Детали
- четврток, 11 март 2021
Мајли Сајрус е „уловена“ на камера како се забавува и пие „шотови“ со мистериозен маж – дали 28-годишната пејачка му се врати на алкохолот, иако неодамна откри дека е трезна?
Мајли е една од оние ѕвезди на кои славата уште од мали нозе им станува преголем товар и за жал, продолжуваат со навиките во погрешна насока, па често имаше проблеми со пороци низ годините.
Во јуни 2020-та пејачката откри дека е 6 месеци трезна откако имала операција во ноември 2019, а веќе во ноември 2020-та, Мајли призна дека накратко паднала во искушение за време на пандемијата, но брзо се откажала и повторно се ставила во ред.
„Како и многу други луѓе, да бидам целосно искрена, за време на пандемијата и јас паднав во искушение. Не можам да седам тука и да кажам дека бев трезна. Не бев, паднав во замка и го сфатив тоа и сега сум повторно трезна, веќе две недели, мислам дека го прифаќам добро тоа.
Мислам дека секој треба да го направи најдоброто за себе. Јас немам проблем со пиењето, имам проблем со одлуките што ги правам кога ќе надминам одредено количество. Многу сум дисциплинирана и лесно ми е да се одржувам трезна затоа што едноставно не сакам да си го правам веќе тоа“ - изјави Мајли во интервју во ноември 2020.
Сепак, скандалозната Мајли очигледно има проблем да се откаже од старата лоша навика на долгорочен план, а тоа се покажува и на снимката објавена од Daily Mail, на која се гледа како таа пие „шотови“ (веројатно алкохолни) со мистериозен маж.
Изворите на Daily Mail шпекулираат дека наводно Мајли цела вечер флертувала со неколку мажи кои седеле со неа во барот, а изгледало како да не се познаваат од претходно.
Тие наводно цела вечер се забавувале, пиеле, биле со обезбедување, а потоа заедно го напуштиле барот:
М. М. | Црнобело