Софија Вергара ја доби битката – бившиот нема да смее да ги користи нејзините ембриони за дете со сурогат мајка
- Детали
- четврток, 04 март 2021
Софија Вергара и бившиот вереник Ник Лоеб сакаа да имаат дете од сурогат мајка и замрзнаа неколку ембриони, но после разделбата Ник се обиде да ги искористи без нејзина дозвола. Сега, конечно, судот му го забрани тоа.
Пред четири години Софија Вергара поднесе тужба против нејзиниот поранешен вереник Ник Лоеб, а сега судот пресуди во нејзина корист.
Софија и Ник ја раскинаа свршувачката во 2014-та, но годината пред тоа, додека беа заедно, тие посетија клиника за ин витро оплодување, со цел да добијат дете од сурогат мајка.
Тие донирале јајце клетки и сперма и замрзнале неколку ембриони, но неколку месеци подоцна раскинаа. Во 2017-та Ник посакал да ги искористи оплодените јајце клетки, односно ембриони, без дозвола од Софија.
Според изворите, Ник сакал да добие целосно „старателство“ над ембрионите и да најде сурогат мајка која ќе му роди дете. Тогаш тој откри дека им дал и имиња на двата ембриони – Емили и Изабела – па дури отворил и штедна книшка за нив, без разлика што во првичниот договор со Софија било нагласено дека ниту еден од нив не смее да ги користи ембрионите без писмена согласност од другиот.
„Има договор кој кажува дека не може да направи ништо. На него напишавме она што го сакавме тогаш. Тоа не е договор што го правите во мигот пред да ви ги земат јајце клетките – овој договор се прави однапред. Го разгледувавме, го проверувавме и тоа неколкупати. И одеднаш, тој сака да го прекрши?“, изјави актерката во периодот кога ја поднесе тужбата.
Тогаш актерката поднесе тужба против него за да го спречи во намерата. Четири години подоцна, односно годинава, судот пресуди во корист на Софија, но бившиот вереник не молчеше во врска со пресудата:
„Очигледно судијата е под холивудско влијание. Тажно е што Софија, која е посветен католик, намерно направи бебиња само за да ги убие“, изјави Ник.
Ник и Софија беа свршени од 2012-та до 2014-а година. После разделбата, Софија почна врска со актерот Џо Манганиело, со кого денес е во брак.
Актерката има еден син, 29-годишниот Маноло Гонзалез Вергара, од бившиот сопруг Џо Гонзалез.
Спирова С. | Црнобело