Депресија, зависности – Ѕвездите проговореа за последиците од славата која ја стекнале од мали нозе

Обично и возрасните познати личности едвај се справуваат со притисокот од славата, па можеме само да замислиме што им се случува на децата ѕвезди.

depresija-zavisnosti-nedolichni-prashanja-poraneshni-deca-dzvezdi-koi-otvoreno-prozborea-za-visokata-cena-na-slavata-01.jpg

Штом ќе станат славни уште пред да наполнат 14-тина години, тие буквално го губат своето детство, а јавноста го следи секое нивно движење. Токму поради ова, огромен број славни деца подоцна целосно креваат раце од актерската или музичката кариера, а многу од нив, обидувајќи се да се справат со сиот притисок, си создаваат и проблеми со алкохол и дрога.

Неколку славни личности кои се прославија во детството отворено прозбореа за ова, откривајќи дека славата навистина има висока цена:

Даниел Редклиф имаше проблеми со алкохолот

Во едно интервју, актерот кој е најпознат по улогата во серијалот Хари Потер, откри дека почнал да пие многу алкохол, само за да се справи со притисокот од јавноста.

„Во мојот случај, најбрзиот начин да заборавам дека некој постојано ме гледа беше да се опијам. Тогаш, пак, кога ќе се опиев многу, станував свесен дека сега луѓето ме гледаат бидејќи сум многу пијан, па пиев уште повеќе за да можам да го игнорирам и тоа. Нема прирачник за младите ѕвезди“.

Актерот сподели дека му биле потребни неколку години и многу обиди за да се ослободи од лошата навика.

depresija-zavisnosti-nedolichni-prashanja-poraneshni-deca-dzvezdi-koi-otvoreno-prozborea-za-visokata-cena-na-slavata-02.jpg

Меколи Калкин се отвори за проблемите со дрогата

Во 2005-та година, актерот двапати беше фатен со дрога од страна на полицијата и си ја призна вината.

„Си играв со оган - мислам дека ова е најдобар начин да го опишам периодот. Истовремено, никогаш не сум бил на рехабилитација или нешто слично. Проблемот не ми беше толку сериозен за да морам да одам во клиника. Имаше неколку ситуации кога претерав и ми стана јасно дека морам да се вразумам. Но, за среќа, не пропаднав толку за да ми треба помош од професионалци“, изјави тој минатата година.

depresija-zavisnosti-nedolichni-prashanja-poraneshni-deca-dzvezdi-koi-otvoreno-prozborea-za-visokata-cena-na-slavata-03.jpg

Аманда Бајнс исто така имаше проблеми со дрогата

Аманда Бајнс беше огромна ѕвезда во тинејџерските години, но поради проблемите со зависноста, мораше да направи пауза од актерската кариера.

„Мојот совет до сите кои имаат проблеми со зависност е да бидат многу внимателни, бидејќи дрогата навистина може да почне да ви го контролира животот. Сите се различни, очигледно, но за мене, мешавината од марихуана и секакви други дроги, како и повременото пиење, направија голема штета. Ме направија потполно различна личност. Всушност, јас сум многу добра личност. Никогаш не би ги кажала ужасните работи кои ги пишував на Твитер“.

depresija-zavisnosti-nedolichni-prashanja-poraneshni-deca-dzvezdi-koi-otvoreno-prozborea-za-visokata-cena-na-slavata-04.jpg

Мара Вилсон се соочувала со незгоди прашања уште во детството

Мара Вилсон, најпозната по улогата во Matilda, имаше само 6 години кога се појави во Mrs. Doubtfire. Потоа направи пауза од глумењето и почна да гради кариера како новинар и автор. Сепак, одвреме-навреме го позајмува гласот и добива мали улоги.

„Луѓето ме прашуваа дали имам дечко уште на 6-годишна возраст. Новинарите ме прашуваа кој мислам дека е најсекси актер и што мислам за Хју Грант кога го фатија со проститутка.

Беше слатко кога 10-годишно момче ми праќаше писмо дека ме сака. Воопшто не беше слатко кога истите писма ми ги праќаа 50-годишни мажи. Уште пред да наполнам 12 години, на одвратни сајтови имаше секакви фотошопирани фотографии од мене.

Холивуд се обидува да го искорени сексуалното вознемирување во индустријата. Но, јас не бев вознемирувана на филмскиот сет, туку од медиумите и јавноста“, изјави таа во јануари годинава.

depresija-zavisnosti-nedolichni-prashanja-poraneshni-deca-dzvezdi-koi-otvoreno-prozborea-za-visokata-cena-na-slavata-05.jpg

Линдзи Лохан имаше многу проблематична младост

Линдзи имаше неколку проблеми со законот, беше на рехабилитација и извесен период целосно се повлече од јавноста. Во 2019-отворено прозборе за проблемите што ѝ ги предизвикала славата:

„Првиот пат кога се најдов во таблоид си помислив ’Боже, се чувствувам како Бритни Спирс!‘, бидејќи и нејзе ја имаше по таблоиди. Само да знаев што ќе се случеше после тоа.

Знам дека сум многу добра актерка и тоа е мојата страст уште од детството. И знам дека кога се грижам за нешто, вложувам 100% во тоа. И знам дека во минатото бев млада и неодговорна – но така изгледа растењето. Учите од вашите грешки“.

depresija-zavisnosti-nedolichni-prashanja-poraneshni-deca-dzvezdi-koi-otvoreno-prozborea-za-visokata-cena-na-slavata-06.jpg

Кирстен Данст мораше да побара помош за депресијата

Кирстен имаше 11 години кога се појави во Interview With the Vampire, а следната година се појави и во Jumanji. Кога наполни 27, актерката не можеше да го поднесе притисокот и се пријави во установа за да добие помош за депресијата.

„Бев очајна и имав можност да отидам некаде и да се фокусирам на мене. Бев среќна што имав пари за тоа‘.

depresija-zavisnosti-nedolichni-prashanja-poraneshni-deca-dzvezdi-koi-otvoreno-prozborea-za-visokata-cena-na-slavata-07.jpg

Мајли Сајрус почна да ја шокира јавноста кога порасна

Бидејќи сите ја знаеја како Хана Монтана, јавноста остана без зборови кога Мајли почна да носи провокативна облека, како и секоја позната жена нејзина возраст.

„Луѓето беа шокирани од тоа што го правев. Но, нели е многу почудно што морав да носам перики и шминка на само 11 и 12 години? Притоа, за мојот тогашен изглед се грижеше група од многу постари мажи“.

depresija-zavisnosti-nedolichni-prashanja-poraneshni-deca-dzvezdi-koi-otvoreno-prozborea-za-visokata-cena-na-slavata-08.jpg

Натали Портман се плашела од својата сексуалност

Актерката откри дека после улогите во Beautiful Girls и Leon: The professional, каде што немаше ни 16 години, ѝ било тешко да ја прифати својата сексуалност:

„Бидејќи ме сексуализираа додека уште бев само дете, почнав да се плашам од својата сексуалност. Кога бев тинејџерка бев убедена дека никогаш нема да снимам сцени со бакнување и слично. Одбирав улоги кои не се секси бидејќи се плашев. Мислев дека ако сум конзервативна ќе бидам безбедна. Ако сум сериозна, другите ќе ме почитуваат“.

depresija-zavisnosti-nedolichni-prashanja-poraneshni-deca-dzvezdi-koi-otvoreno-prozborea-za-visokata-cena-na-slavata-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg