Први фотки од Кети Пери во костим за капење после породувањето – ужива на Хаваи со Орландо Блум
- Детали
- вторник, 23 февруари 2021
Кон крајот на минатото лето Кети Пери го роди нејзиното прво дете, а сега, неколку месеци после породувањето, пејачката се појави во „летно“ издание додека ужива на плажа на Хаваи со вереникот Орландо Блум.
Во август минатата година Кети Пери и нејзиниот вереник Орландо Блум го добија своето прво дете - ќерката Дејзи Дав Блум. Деновиве, пак, 44-годишниот актер и 36-годишната пејачка уживаат на одмор на Хаваи.
„Новите“ родители беа забележани на плажа, а Кети Пери покажа дека се труди да се врати во форма само неколку месеци после бременоста. Пејачката носеше едноделен виолетов костим за капење, а подоцна облече и фустан за на плажа со шарен дезен.
Претходно, во интервју со Џими Кимел, Кети сподели дека Орландо ѝ бил огромна поддршка поле породувањето. Пејачката сподели и дека ѝ било тешко да се врати на работа:
„Почнав со снимање за четвртата сезона на American Idol пет недели откако се породив. Не го планирав тоа. Породување, враќање на работа и доење. Си помислив - Боже, зарем сите жени го прават ова?“
Орландо Блум и Кети пери се верија во 2019-та и планираа да се венчаат оваа година во Јапонија, но ја одложија венчавката поради пандемијата. Покрај ќерката со Кети, Орландо има уште едно дете од поранешна сопруга Миранда Кер – 9-годишниот син Флин.
Спирова С. | Црнобело