Кристина Агилера непрепознатлива во костим за капење – ужива во Мајами со вереникот и ќерката (фото)
- Детали
- вторник, 16 февруари 2021
Нејзиниот изглед на папарацо фотките покрај базен, е драстично поразличен за разлика од сликата во глава која ни е останата од Кристина Агилера пред неколку години.
Кристина Агилера, заедно со вереникот Метју Рутлер и 6-годишната ќерка Рејн, уживаа покрај базен во Мајами. Пејачката се релаксираше облечена во црн едноделен костим за капење и носеше огромни очила за сонце кои ѝ го покриваа лицето.
40-годишната пејачка можеби е непрепознатлива за оние кои ја немаат видено одамна, но сепак таа ужива во своите години, во животот и не се срами од природно стареење.
Кристина Агилера, која беше една од најголемите музички ѕвезди на почетокот на 2000-тите, минатата година отворено прозборе за целиот притисок што го чувствувала околу 40-иот роденден. Но, пејачката нагласи дека никогаш немала проблеми со стареењето и всушност се радува за мудроста и убавината кои доаѓаат со годините.
„Благословена сум за исполнетиот живот што го изградив изминативе 40 години и со нетрпение чекам да видам какви авантури ме чекаат, додека ги следам моите соништа и моето срце“, напиша пејачката за нејзиниот роденден.
Кристина и вереникот Метју се запознаа на сетот на филмот Burlesque. Тие се верија во 2014-та година, а набрзо потоа ја добија и нивната ќерка Рен. Иако поминаа 6 години од свршувачката, парот не брза со венчавка, а според изворите, и двајцата се среќни и задоволни од нивната врска.