„Некои деца немаат еден здрав пар чевли“ - Една фотографија на Кајли Џенер ги разлути твитерџиите
- Детали
- четврток, 11 февруари 2021
По кој знае кој пат Кајли Џенер со раскошниот стил на живот ги испровоцира твитерџиите.
Повеќе од сигурно е дека Кајли Џенер живее во луксуз. Таа ужива на раскошни одмори и приредува неверојатни забави.
Но, многумина сметаа дека таа претерува и кога станува збор за нејзината ќерка Сторми, иако тоа е нејзин живот и секој има право на што сака.
Ја дотерува во прескапи парчиња облека, а сега сподели фотографија на која има 17 пара нови чевли за Сторми.
Иако патиките најверојатно и се испратени како подарок на Сторми по повод роденденот, ова претерување и изјавата на Кајли „Моето девојче е толку разгалено“ ги налутија твитерџиите.
И додека таа се фали со што сѐ поседува нејзината ќерка, некои деца немаат еден пар здрав чевли за на училиште, заклучија твитерџиите.
„Некои деца немаат чевли ниту сопствен кревет“, гласеше еден од твитовите.
Инаку, Сторми има и ранец Hermes од 9.900 евра.
С. С. | Црнобело