Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ ја сподели првата заедничка фотка со 20 години помладата партнерка
- Детали
- сабота, 30 јануари 2021
Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ со кого беше во брак 10 години, првпат сподели фотка со неговата сакана, со која е во врска од 2019-та година.
Турскиот пејач Мустафа Сандал е во врска со 20 години помладата Мелис Сутшуруп од 2019-та, но дури сега објави фотографија со неа на социјалните мрежи.
Според турските медиуми, новата девојка на 51-годишниот пејач е сопственичка на бутик во Турција и, наводно, Емина го заладила односот со бившиот сопруг токму поради неа.
https://www.instagram.com/p/CKfE3mEALZv/
Емина и Мустафа имаат две деца, и после разводот во 2018-та останаа во добри односи поради нив. Но, во средината на минатата година, српските медиуми споделија дека Емина престанала да го следи поранешниот сопруг на социјалните мрежи, а сега се шпекулира дека причината за тоа е неговата врска со Мелис.
Сепак, кога папараците првпат ги „уловија“ Мустафа и Мелис заедно во 2019-та, српската пејачка изјави:
„Мустафа и јас сме само пријатели. Веќе не ми е сопруг и не ми е важно со кого е фотографиран“.
За Мелис се знае многу малку, освен дека е 20 години помлада од Мустафа, има бутик, како и еден син од претходниот брак.