Кајли и Кендал Џенер со другарките на одмор во Мексико - вилата чини 5.400 евра од ноќ (фото)
- Детали
- петок, 22 јануари 2021
Со кого се дружат Кајли и Кендал Џенер? Тие со другарките со приватен џет отпатуваа во луксузна вила во Мексико на одмор од соништата.
Кајли и Кендал Џенер периодов уживаат на раскошен одмор во Мексико. Познатите сестри се сместени во вила каде ноќевање чини неверојатни 5.400 евра.
Тие имаат изнајмено вила со 6 спални соби, бесконечен базен кој оди околу целата вила и панорамски поглед. 23-годишната Кајли и 25-годишната Кендал не штедат кога станува збор за уживање, па во комплексот Ocean Castle Sol de Oriente во местото Costa Careyes пристигнале со приватен џет.
Во Мексико со нив има уште неколку нивни пријателки, меѓу кои и најдобрата пријателка на Кајли, Анастасија Караниколау.
Фотки од нивниот одмор во Мексико:
https://www.instagram.com/p/CKURQgBHosD/
https://www.instagram.com/p/CKSVfRFHZS5/
https://www.instagram.com/p/CKRhi7Hn9r2/
https://www.instagram.com/p/CKP8pJknflH/
https://www.instagram.com/p/CKPxXMvniOw/