15 години подоцна: Колку се променија ликовите од турската хит-серија „Кога лисјата паѓааат“?
- Детали
- понеделник, 04 јануари 2021
Ферхунде е речиси непроменета, Лејла се трансформираше во убавица, а прекрасната Неџла ја следат милиони луѓе на Инстаграм - колку се променети ликовите од хит-серијата „Кога лисјата паѓаат“, која повторно ја емитуваат кај нас по долги години?
„Кога лисјата паѓаат“ беше помеѓу првите турски серии кои се емитуваа кај нас во 2010, а гледачите будно ја следеа приказната за традиционалното семејство, на чело со Али Риза. Дури и оние кои не следат турски серии, најверојатно знаат за оваа серија и дел од ликовите.
Од актерската екипа, посебно се истакнува Фахрије Евџен, која ја играше улогата на Неџла, а денес актерката е среќно омажена со турскиот заводник Бурак Осчивит, познат по улогата на Бали Бег.
Можеби ќе ве интересира - Кој е актерот што му ја украде титулата на Бали Бег – најпосакуван маж во Турција?
Актерскиот пар е многу славен и објавите на нивните социјални мрежи ги следат повеќе од 10 милиони фанови.
Серијата започнала да се снима во 2006-та, а оттогаш, досега - сите актери многу се променија, голем дел од нив се уште поголеми заводнички, а некои целосно се трансформираа. Сега хит-серијата повторно се емитува кај нас за верните гледачи, па погледнете колку се променети ликовите од тогаш до денес.