„Ми беше страв дека ќе умрам на 27 години“ – Мајли Сајрус отворено зборува за проблемите со алкохолот и како се справува со нив

Во неодамнешно интервју Мајли Сајрус се отвори за проблемите со алкохолот, изјавувајќи дека повторно престанала да пие, најмногу бидејќи ѝ било страв дека ќе умре на 27 години, бројката на години која беше кобна за многу нејзини колеги како Ејми Вајнхаус, Џенис Џоплин, Курт Кобејн, Џим Морисон.

mi-beshe-strav-deka-kje-umram-na-27-godini-majli-sajrus-otvoreno-zboruva-za-problemite-so-alkoholot-i-kako-se-spravuva-so-niv01.jpg

28-годишната пејачка сподели дека иако за време на пандемијата повторно изгубила контрола, веќе две недели се нема напиено ни капка алкохол.

Мајли изјави дека не сака да зборува за тоа што повторно почнала да пие годинава, но дека се чувствува најдобро кога е потполно трезна. Таа вели дека не ѝ е тешко да се држи понастрана од алкохол, но штом ќе се напие една чашка, губи контрола.

„Немам проблем со пиењето. Мене ми се проблем одлуките што ги носам штом ќе испијам повеќе“.

mi-beshe-strav-deka-kje-umram-na-27-godini-majli-sajrus-otvoreno-zboruva-za-problemite-so-alkoholot-i-kako-se-spravuva-so-niv-02.jpg

Наводно, кога била потполно трезна, Мајли била дисциплинирана личност и не ѝ е проблем да не пие воопшто.

mi-beshe-strav-deka-kje-umram-na-27-godini-majli-sajrus-otvoreno-zboruva-za-problemite-so-alkoholot-i-kako-se-spravuva-so-niv-03.jpg

Во јуни годинава, откако ѝ беше направена операција на гласните жици, Мајли сподели дека не пие алкохол цели шест месеци:

„Трезна сум последниве шест месеци. На почетокот, причината беше операцијата на гласните жици“.

Сепак, со текот на времето почнала да размислува од каде потекнува нејзината нездрава врска со алкохолот. Пејачката сфатила дека проблемите во нејзиното семејство имале голем удел во ова - нејзините родители се разведени и татко ѝ сам се грижел за неа, а во меѓувреме самиот имал проблеми со зависност.

„Се запрашав ’Зошто се однесувам вака?‘ Кога го разбираме нашето минато, подобро ќе ги разбереме и сегашноста и иднината. Исто така, мислам дека и терапијата е одлично нешто“.

mi-beshe-strav-deka-kje-umram-na-27-godini-majli-sajrus-otvoreno-zboruva-za-problemite-so-alkoholot-i-kako-se-spravuva-so-niv-04.jpg

Сепак, последниве 2-3 месеци Мајли повторно пиела повеќе, но почнала да се плаши дека ќе му се придружи на таканаречениот „Клуб 27“, кој се однесува на група музичари кои починаа пред да наполнат 28 години, вклучувајќи ги Ејми Вајнхаус, Џенис Џоплин, Курт Кобејн, Џим Морисон...

Мајли, која наполни 28 години на 23 ноември, изјави:

„Оваа година навистина сакав да се заштитам себеси. Токму ова ме натера да престанам да пијам бидејќи изгубивме многу музички икони на 27-годишна возарст. Ова е период полн со пресврти“.

mi-beshe-strav-deka-kje-umram-na-27-godini-majli-sajrus-otvoreno-zboruva-za-problemite-so-alkoholot-i-kako-se-spravuva-so-niv-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg