Фанови раскажуваат реални случки со ѕвезди, кои им оставиле посебен впечаток
„На еден настан требаше да му послужам десерт на Даниел Редклиф. За жал, се сопнав и дел од десертот заврши врз неговата облека. Тогаш стана и почна тој да ми се извинува МЕНЕ. Беше неверојатен и ме праша дали сум во ред“.
„Сум сретнал многу познати кои биле навистина добри, но никој не може да се мери со Стив Ирвин. Го сретнав во лифтот на еден хотел – бев жива вода бидејќи си одев од базенот. Имав само 11 години и бев воодушевен што сум во лифт со Стив Ирвин. Тогаш тој почна да ми зборува – ме праша како се викам, од каде сум, дали има крокодили во базенот… До денес се насмевнувам кога ќе се сетам на овој момент“.
„Патрик Стјуарт е неверојатен. Работам како келнер и неколкупати имав можност да го служам. Еднаш во еден ресторан отиде во кујната за да им се заблагодари на готвачите, но и на сите вработени, пред да си оди. Ни го разубави денот на сите“.
„Бев статист на еден филм во кој глумеше Џеф Голдблум. Кога тој пристигна на сетот, една жена од филмската екипа почна да ни вика и да нè предупредува да не му бараме автограм и да не му зборуваме. Џеф веројатно ја слушна, бидејќи во тој момент се сврте и почна да разговара со нас, статистите“.
„Еднаш седев на скалилата во еден театар и до мене седна Иан Мекелен и водевме навистина долг разговор. Беше одлично и никогаш нема да го заборавам тој момент!“
„Еден пријател беше да ја гледа премиерата на X-Men Origins: Wolverine и многу луѓе кампуваа пред киното за да можат да купат карти. Кога се разбудиле следното утро, вработените во киното им кажале дека Хју Џекмен им купил појадок на сите што чекаат да купат карта. Актерот им купил сендвич и сок од портокал на најмалку 100 луѓе“.
Спирова С. | Црнобело