Фанови раскажуваат реални случки со ѕвезди, кои им оставиле посебен впечаток
- Детали
- сабота, 05 декември 2020
„На еден настан требаше да му послужам десерт на Даниел Редклиф. За жал, се сопнав и дел од десертот заврши врз неговата облека. Тогаш стана и почна тој да ми се извинува МЕНЕ. Беше неверојатен и ме праша дали сум во ред“.
Неретко слушаме приказни од фанови кои имале можност да запознаат некоја славна личност, за потполно да се разочараат.
Истовремено, слушаме и многу приказни од вработени на славните кои откриваат дека најголемите ѕвезди во светот се и едни од најарогантните луѓе.
Но, овие карактеристики не ги делат сите холивудски ѕвезди. Постојат и приказни од фанови кои биле восхитени од однесувањето и скромноста на некоја славна личност.
Од Даниел Редклиф и Вил Смит, па сè до Патрик Стјуарт, погледнете кои славни се (или биле) всушност многу добри личности во приватниот живот:
„На еден настан, мајка ми го забележа Робин Вилијамс и го праша дали може да направат селфи. Во тој момент Робин беше навистина зафатен, но после 20-30 минути се врати и рече ’Мислам дека оваа жена сакаше да се фотографираме‘, и се фотографираа. Мајка ми беше пресреќна“.
„Пред неколку години бев дел од еден приватен настан на кој присуствуваше и Вил Смит. Актерот одвои време да им се заблагодари на сите вработени и кога дојде, и кога си одеше. Се однесуваше многу добро, беше со одлично расположение и се шегуваше. Одличен човек“.
„Харизмата на Барак Обама е неверојатна и тој секогаш се обидува да поразговара со сите околу него. Го имам сретнато неколкупати, а третиот пат се сеќаваше кој сум. Навистина неверојатен човек“.
„Го запознав Џим Кери кога имав 11 години, додека бев на забава со моите родители. Не можев да престанам да гледам во него. Се однесуваше сосем нормално, а кога сфати дека го гледам, направи смешен израз на лицето и почна да гледа во мене. Тој е навистина смешна личност и сигурно е многу добар“.
„Том Хидлстон ми кажа дека моето куче е многу убаво. Тоа ми е најубавото нешто што ми се случило во животот“.