Од тешко детство, глад и идолот Лепа Брена до мултимилионерска убавица со козметичка линија – детали од животот на Емина Јаховиќ

Емина Јаховиќ Сандал е родена на 15 јануари 1982 во Нови Пазар, Србија. Сличноста со глумицата Пенелопе Круз ѝ го донесе прекарот српската Пенелопе.

Detali-od-zivotot-na-Emina-Jahovic-01.jpg

38-годишната пејачка, актерка и манекенка од неодамна потпиша и своја козметичка линија со назив Yaemina Beauty. По разводот со турската мегаѕвезда, пејачот Мустафа Сандал, Емина спогодбено доби огромна сума на пари, но животот не бил отсекогаш розов за оваа убавица, мајка на две дечиња, Јаман и Јавуз.

Detali-od-zivotot-na-Emina-Jahovic (1).jpg

Во едно интервју таа открила детали од своето тешко детство, за деновите кога немале што да јадат и како под смртта на нејзиниот татко следувал тежок период за нејзиното семејство.

„Не поминав многу време со татко ми, се сеќавам на него како низ магла, но се сеќавам на некои работи што ми ги кажа. Тој знаеше дека сум уметник. Мама беше построга. Сето тоа добро го балансираа. Брат ми ја презеде улогата на татко и сопруг, тој беше на почетокот на својата кариера и мораше да созрее“.

Нејзиниот брат Мирсад Туркан е поранешен професионален кошаркар. Емина воедно открила дека како мала била голема обожавателка на Лепа Брена и дека ги лажела другарчињата од училиште дека се роднини со познатата пејачка.

„Како дете се дружев со момчиња. Играв фудбал, па се префрлив на кошарка. Секогаш се чувствував подобро покрај мажи, девојките беа многу нежни за мене. Ги лажев децата на училиште дека Лепа Брена ми е роднина. Бев опседната со неа и нејзината кариера. Да се биде Лепа Брена во тоа време беше навистина големо нешто“.

Многумина коментираат и за нејзината трансформација од сосема просечна девојка во вистинска убавица. Според фотките од минатото, очигледни се промените на нејзиното лице.

Detali-od-zivotot-na-Emina-Jahovic (2).jpg

Detali-od-zivotot-na-Emina-Jahovic (4).jpg

Detali-od-zivotot-na-Emina-Jahovic (5).jpg

Неодамна, Емина имаше огромна промоција на својот бренд во Истанбул, каде што покани многу гости и познати инфлуенсерки на настанот кој траеше неколку денови.

Detali-od-zivotot-na-Emina-Jahovic (3).jpg

Detali-od-zivotot-na-Emina-Jahovic (6).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg