„Чувствувам притисок дека треба да живеам 107 години“ – Камерон Диаз открива како е да се стане мајка на 47 години

Камерон Диаз за првпат стана мајка во јануари годинава, на 47-годишна возраст, а сега сподели дел од нејзиното искуство.

edinstveno-chuvstvuvam-pritisok-da-zhiveam-107-godini-kameron-diaz-zboruva-za-bremenosta-na-47-godini-01.jpg

Жените повеќе не чувствуваат толку голем притисок да станат мајки, па сè почесто гледаме жени кои одлучуваат да забременат после 30-тата година.

Истовремено, многу жени одлучуваат првпат да станат мајки и после 40-тата. Една од нив е Камерон Диаз.

edinstveno-chuvstvuvam-pritisok-da-zhiveam-107-godini-kameron-diaz-zboruva-za-bremenosta-na-47-godini-02.jpg

Познатата актерка има 48 години, а првпат стана мајка во јануари, кога имаше 47, па неодамна го сподели нејзиното искуство.

„Многу луѓе го прават обратното … стапуваат во брак и имаат семејство во младоста. Јас го правам ова во втората половина од мојот живот“.

edinstveno-chuvstvuvam-pritisok-da-zhiveam-107-godini-kameron-diaz-zboruva-za-bremenosta-na-47-godini-04.jpg

Актерката додава и дека сега се чувствува посреќно од кога било, а сопругот Бенџи и ќеркичката се најубавото нешто што ѝ се случува во животот.

edinstveno-chuvstvuvam-pritisok-da-zhiveam-107-godini-kameron-diaz-zboruva-za-bremenosta-na-47-godini-03.jpg

Да се стане родител на 47 години за некои можеби изгледа необично – кога Камерон ќе биде во 50-тите и 60-тите, ќе треба да се грижи за мало дете, а и самата таа чувствува притисок околу тоа, но се гордее со својот избор.

„Единствениот притисок што го чувствувам сега е дека треба да живеам 107 години. Нема притисок, воопшто! 

Формирањето семејство кога сте млади … исто е како да правите што било додека сте млади. Едноставно, го правите. Но, кога сте на моја возраст, одлучувате да го направите, тоа е вистински избор. Мора да работите напорно за тоа“.

edinstveno-chuvstvuvam-pritisok-da-zhiveam-107-godini-kameron-diaz-zboruva-za-bremenosta-na-47-godini-05.jpg

Моментално Камерон се фокусира на нејзиниот бренд вино и се грижи за ќерката, а смета дека сега треба да го прави токму тоа. Истовремено, веројатно нема да ја продолжи актерската кариера.

„Немам снимено филм уште од 2014-та. Помина многу време, поминаа шест или седум години откако снимив филм. И, тоа воопшто не ми пречи“.

edinstveno-chuvstvuvam-pritisok-da-zhiveam-107-godini-kameron-diaz-zboruva-za-bremenosta-na-47-godini-05.jpg

Иако ова станува поретко, многу жени уште чувствуваат некаков притисок да станат мајки додека се помлади. Камерон е одличен доказ дека нема потреба да брзате ако не се чувствувате подготвено. Мајчинството е лична одлука, но сепак имајте на ум дека и здравствената состојба игра голема улога во тоа, па правете редовни контроли и дискутирајте со стручно лице за ова.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Камерон Дијаз во тајност доби син на 51 година „Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Ксрдинал Маден...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg