По Шарлиз Терон, синот на уште една славна дама почна да се облекува како девојче (фото)
- Детали
- вторник, 20 октомври 2020
Со долга коса и розово ранче на себе, стилот на синот на уште една славна дама предизвика дебати.
Актерката Шарлиз Терон има уникатен пристап кон родителството. Таа своето постаро дете, синот Џексон, кој е посвоен како бебе, го облекува како девојче.
Со години фотографите го ловат Џексон како шета во фустани и здолништа со долга коса во плетенки, а Шарлиз вели дека тој е подеднакво девојче како и нејзината помала ќерка.
Сега уште една позната дама откри дека го прави тоа.
ТВ презентерката Ема Вилис објави фотографии на кои синот ѝ е облечен во розово и носи розово женско ранче. Тој има и долга руса коса.
Ема има 3 деца и не открива многу детали од приватниот живот, но со последната фотографија од нејзиниот 8-годишен син облечен како девојче предизвика дебати.
Некои коментираат дека розовото е само боја и не е страшно што косата му е долга, додека други ја осудуваат за тоа што му дозволува да се облекува како девојче.
Што мислите вие?
Фотки од синот на Ема Вилис: