Како изгледаат сестрите на Роналдо? Запознајте ги Катија (44) и Елма (47)
- Детали
- четврток, 15 октомври 2020
Едната е пејачка и на почетокот од кариерата настапувала како „Роналда“, по името на славниот брат, а другата сака да биде интернет сензација.
35-годишниот Роналдо постојано на настани ја носи својата мајка Мариа Долорес која ја обожава, но има и две сестри кои му се огромни фанови, Катија Авеиро (44) и Елма Авеиро (47).
Катија е португалска пејачка која ја започна својата музичка кариера во 2005 година под сценското име „Роналда“, инспирирана од својот брат Роналдо, а издаде и неколку албуми, но потоа повеќе не го користеше сценското име „Роналда“. Таа има две деца и живее во Португалија. Има повеќе од 1 милион следбеници на Инстаграм.
Постарата сестра Елма постојано е активна на Инстаграм и објавува фотографии од себе, Роналдо и луксузниот стил на живот. Таа работи како моден дизајнер и има над 400.000 следбеници. Елма често изнесува свои ставови и го брани Роналдо, доколку кој било го нападне.
Инаку, Роналдо е човек со најмногу следбеници на Инстаграм, неверојатни 240 милиони луѓе го следат познатиот фудбалер.
Прочитајте и 12 причини зошто Роналдо е непобедлива фудбалска машина и совршен идол
Запознајте ја Катија низ фотографии:
https://www.instagram.com/p/CGHzi3JnL18/
https://www.instagram.com/p/CGAfmx2HL_e/
https://www.instagram.com/p/CE7fhBBnfS5/
https://www.instagram.com/p/CE1TJ45HhmR/
https://www.instagram.com/p/CEwInWLH95C/