Ребел Вилсон покажа како изгледа со 18kg помалку во костим за капење - ужива со новото момче во Мексико
- Детали
- вторник, 13 октомври 2020
Ребел Вилсон веќе објави неколку фотографии со кои покажа како изгледа после слабеењето, а сега папараците ја „уловија“ и во костим за капење.
40-годишната актерка е на одмор со нејзиното момче во Мексико, а папараците ја фотографирале во костим за капење.
Досега актерката има ослабено околу 18 килограми и изгледа подобро од кога било. На фотографиите, Ребел носи црн едноделен костим за капење, бел шешир и големи очила за сонце. Нејзиното момче, пак, одбрало костим за капење со интересен принт.
И самата Ребел сподели неколку фотки од одморот, вклучувајќи и една од теретана, на која напишала дека вежбаат заедно со нејзиното момче.
Австралиската актерка почна со слабеењето во јануари и изјави дека целта ѝ е да стигне до 75 килограми. Неодамна, откри дека треба да ослабе уште само 2-3 килограми за да ја постигне целта.
Ребел и Џејкоб, нејзиното момче, ја потврдија романсата минатиот месец, откако заедно се појавија на една гала. Според изворите:
„Официјално тие се дечко и девојка. Тој е џентлмен, со многу добри манири и се однесува кон неа многу добро. Тој многу се грижи за неговото здравје, па заедно се мотивираат да водат поздрав живот“.
Ребел, пак, имаше изјавено дека мажите често се плашат од нејзината кариера како комичар, па била премногу среќна што конечно нашла љубов.
„Јас сум најдобрата, најприземјената личност во светот. Но, им се гледа во очите, навистина се плашат. А не знам зошто. Дали мислат дека ќе кажам некоја шега за нив на доделувањето на BAFTA наградите? Не знам“, има изјавено актерката.