Џенифер Гарнер чува кокошка – најчудните домашни миленици на славните
Леонардо ди Каприо – желка
Лео чува куче кое се вика Џанго – име инспирирано од еден од неговите најдобри филмови. Но, актерот чува и голема желка, за која платил 400 долари. Овие животни живеат и по 80 години, а достигнуваат тежина од околу 90 килограми.
Мелани Грифит – лав
Мелани пораснала со милениче лав, кој ѝ припаѓал на нејзината мајка. Кога актерката имаше 14 години, магазинот Life направи и фотосесија со неа и лавот. Интересно е што животното си го чувале во домот.
Дакота Џонсон, ќерката на Мелани, има изјавено дека баба ѝ имала дури 60 тигри и лавови, но сега има само 14.
Слеш – змии, гуштери и крокодили
Гитаристот на Guns N‘ Roses е голем фан на влекачите, па во домот имал речиси 100 змии, гуштери и крокодили.
„На некој начин, јас сум самоук чувар во зоолошка и дефинитивно повеќе се согласувам со животните што сум ги чувал, отколку со повеќето луѓе што ги познавам“.
Џастин Бибер – мајмун
Пред неколку години, Џастин доби мајмун како роденденски подарок, но нештата не се одвиваа по план. Џастин одлучи да го понесе мајмунот на турнеја во Германија, но настанаа проблеми на аеродромот во Минхен. Мајмунот беше одземен од обезбедувањето, а актерот мораше да плати неколку илјадници долари. Во спротивно, германските власти немало да му го вратат. Актерот не го средил тоа навреме, па мајмунот заврши во зоолошка.
За жал, бидејќи бил чуван од луѓе, мајмунот имал проблеми со социјализацијата. Токму ова е причина зошто мајмуните не се животни кои треба да се чуваат како миленици.
Чарли Шин – гуштер
Актерот чуваше таканаречен австралиски воден гуштер, кој го крстил Хопер Џуниор. За жал, гуштерот умре, а многумина го обвинија актерот дека причина за смртта е неговата немарност. Имено, ова не било првпат актерот да чува гуштер кој умрел од неисхранетост. Некои фанови веруваат дека и неговото куче умрело од истите причини.
Спирова С. | Црнобело