Џенифер Гарнер чува кокошка – најчудните домашни миленици на славните
- Детали
- сабота, 10 октомври 2020
Кога некој сака да чува милениче, обично избира помеѓу мачка и куче. Има и луѓе кои чуваат папагали и риби, но ретко ќе најдете личност со милениче змија, тигар, па дури и мајмун.
Ваквите животни бараат посебна нега, можат да бидат многу скапи, а и самото одгледување може да чини мало богатство. Некои од нив, пак, не ни треба да се чуваат како миленици. Токму затоа, повеќето луѓе не ни помислуваат да ги чуваат.
Но, за славните парите не се проблем и секогаш можат да најмат личност која ќе се грижи за нивните миленици, па не е ни чудно што чуваат секакви животни.
Погледнете кои славни ги имаат најнеобичните миленици:
Никол Кидман и Кит Урбан – алпака
Во 2017-та, славниот пар снимаше интервју за Vogue во нивниот дом во Австралија. Кога ја прашаа Никол кое ѝ е омиленото милениче, таа веднаш одговори дека најмногу ги сакала алпаките.
Парот поседува голема фарма на само неколку часови од Сиднеј, каде што чуваат неколку алпаки. Овие животни потекнуваат од Јужна Америка, но многу луѓе ги одгледуваат и во Австралија.
Арнолд Шварценегер – магариња
Актерот чува две магариња во неговиот дом, а и редовно објавува фотографии и видеа од нив на Instagram. Кога едното од нив, Лулу, полнело една година, актерот објави и видео на кое му ја пее „Happy Birthday“.
Покрај Арнолд, и Рис Витерспун чува две магариња.
Џенифер Гарнер – кокошка
Пред неколку години, Џенифер се пофали дека има милениче кокошка, која ја крстила Реџина Џорџ. Актерката објави фотографија на која кокошката дури носи и ремче, а сподели и дека Реџина сака прошетки.
Џорџ Клуни – свиња
Цели 13 години, Џорџ Клуни ја чуваше свињата Макс. Оваа свиња дефинитивно имала подобар живот од сите нас, па дури и спиела во креветот на Клуни. Макс има летано и со приватниот авион на Џон Траволта. Свињата умре во 2006-та година, а додека ја чуваше актерот има изјавено дека таа е причината што уште бил ерген.