Најсекси, најжешко и најдиво искуство досега – шоуто на Ријана ја зоврива крвта и буди вжештени емоции (фото + видео)
- Детали
- петок, 02 октомври 2020
Savage X Fenty шоуто на Ријана дефинитивно заслужува да се опише како најсекси, најжешко и најдиво досега – секси модната линија и сензуалноста на моделите ја вжештуваат максимално атмосферата.
Второто телевизиско издание на модната ревија на брендот на Ријана, Savage X Fenty, дефинитивно ќе биде запаметено по жешките настапи на ѕвездите, секси изданијата и сензуалноста на моделите, но најмногу и по провокативниот изглед кој Ријана им го понуди од себе на фановите, а шоуто премиерно е достапно од денес на Amazon Prime.
https://www.instagram.com/p/CFzxTwbnsDV/
https://www.instagram.com/p/CF08CTosX7N/
Инспирирана од теми како раскажување приказни, соништа и секако, сензуалност, Ријана ја прикажа својата нова колекција на незаборавно модно шоу.
На црвениот тепих пред ревијата, Рири се појави во целосно кожен аутфит со мрежести хулахопки и корсет кој ѕирка од палтото, кое подоцна со стриптиз го тргна од неа.
https://www.instagram.com/p/CF0ys-_BT0m/
Во провокативно-елегантна комбинација на црвениот тепих се појави и Парис Хилтон, која исто така е дел од шоуто:
https://www.instagram.com/p/CF1IPUyByD3/
Ријана успеа да го „извади“ најжешкото издание од моделите, помеѓу кои беа Бела Хадид, Ирина Шајк, Кара Делевињ, како изненадување се појавува и Деми Мур, а не се изоставени ниту прекрасните плус-сајз модели. Сите успешно ја доловија својата секси страна и направија шоуто кое беше долго најавувано да зрачи со сензуалност.