„Бременоста ми беше најлошото искуство во животот“: Искрени изјави на 6 познати дами
- Детали
- недела, 20 септември 2020
Ким Кардашијан: „За мене бременоста беше најлошото искуство во мојот живот. Не уживав во ниту еден миг и не разбирам кому му се допаѓа тоа. Постојано се чувствував неудобно во својата кожа.“
Бременоста се претставува како нешто магично, но некои познати дами отворено говорат дека реалноста е малку поинаква.
Тие велат дека не уживале во тој период од нивниот живот:
Ким Кардашијан
„За мене бременоста беше најлошото искуство во мојот живот. Не уживав во ниту еден миг и не разбирам кому му се допаѓа тоа. Постојано се чувствував неудобно во својата кожа. Тешко ми е да објаснам, не се чувствував секси, бев ранлива и сметав дека сум огромна.“
Гвинет Палтроу
„Мојата мајка обожаваше да биде бремена, тогаш се чувствуваше жива и убава, но јас не, мене ми беше лошо цело време.“
Серена Вилијамс
„Мојата бременоста започна со низа сериозни компликации што едвај преживеав. Кога се вратив дома по породувањето лежев во кревет месец и половина за да закрепнам.“
Мараја Кери
„Дали мислите дека можев да му дозволам на Ник да ме гледа таква?“, изјави Мараја и откри дека во последните месеци од бременоста не се соблекувала пред таткото на нејзините деца.
Клои Кардашијан
„Првите 3 месеци се најлоши. Дури и кога уште не знаете дека сте трудни, веќе ви е многу неудобно.“
Ен Хатавеј
„Мислам дека сите се срамат да дискутираат за фактот дека не се среќни сите мигови од бременоста, многу од нив се болни. Жените страдаат и тоа сами.“
С. С. | Црнобело