„Морам да лежам во кревет“ – Криси Тајген зборува за проблемите во бременоста и случајно го откри полот
- Детали
- петок, 18 септември 2020
Заради проблеми со плацентата и главоболки, Криси Тајген откри дека ќе мора да одмара, а додека се исповедаше, случајно го откри и полот на бебето во видео.
34-годишниот модел зборуваше за компликациите во бременоста поради кои морала да лежи во кревет, кога случајно спомна дека бебето е „тој“:
„Чудно е бидејќи бебето е навистина здраво. Тој е голем. Тој веројатно … упс! Тоа беше глупаво“.
Ова ќе бидете третото дете на Криси и 41-годишниот пејач, кои веќе ги имаат ќерката Луна и синот Мајлс.
Како што напоменавме, во видеото Криси зборува за компликациите во бременоста.
„Нешто не ми е во ред со плацентата. Кога бев бремена со Мајлс, едноставно престана да го храни. Престана да се „грижи“ за него. Ја крадеше целата негова храна бидејќи јас се зголемував, а тој не, па мораше да го родам порано. И за двете бремености имав индуцирано породување“, изјави Криси која сличен проблем имала и во оваа бременост.
Минатата недела Криси сподели дека две недели ќе мора да одмара, а тој период ќе го искористела за креативни активности со нејзините деца.
Младата мајка изјави дека имала и проблеми со главоболки во текот на бременоста, па дури и користела ботокс за да се справи со неудобноста.
Пред некој ден, пак, Криси сподели слатко видео од посетата на лекар, каде што малата Луна му помага на лекарот да направи снимка со ултразвук.
Спирова С. | Црнобело