Омразата помеѓу Иванка и Меланија Трамп + најновиот моден погодок на Меланија
- Детали
- вторник, 15 септември 2020
И додека во модните избори е непогрешлива, во односот со Иванка Трамп дефинитивно не ѝ цветаат рози, Меланија за неа дури има и специјален прекар.
Меланија Трамп (50) одржа дискусија на округла маса облечена во бел миди фустан од брендот Max Mara, а на стајлингот му даде свој печат облекувајќи портокалови чевли.
Таа уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона.
Инаку, периодов е во фокусот на медиумите поради книгата на нејзината поранешна пријателка и советник Стефани Винстон Волкоф во која таа открива детали за Меланија, а дури тврди дека имала и снимени разговори со неа и планирала да ги објави.
Во книгата „Melania and Me: The Rise and Fall of My Friendship With the First Lady“ Стефани пишува и за непријателството помеѓу Меланија и ќерката на Доналд, Иванка Трамп. Наводно Меланија уште одамна имала план да ја блокира Иванка да не биде дел од претседателската трка на Доналд.
Наводно и сега во 2020 ситуацијата не е променета и тензијата помеѓу нив е видлива. Иванка поминува покрај Меланија игнорирајќи ја, а таа става само вештачка насмевка која бледее.
Меланија за Иванка и нејзиниот сопруг имала мислење дека се змии, тврди Стефани, а Меланија дури ѝ смислила прекар на Иванка „принцеза“.
Дури не сакала да носи креации од дизајнери кои Иванка ги носела.
Последниот моден погодок на Меланија:
С. С. | Црнобело