„Се збогуваме после 14 години“ – Ким Kaрдашијан соопшти дека завршува шоуто „Keeping Up with the Kardashians“
- Детали
- среда, 09 септември 2020
Кардашијанс ги шокираа фановите со новостите дека ќе престанат со снимање на нивното ријалити шоу.
Синоќа, Ким сподели Instagram објава со која им соопшти на фановите дека повеќе нема да се снима Keeping Up with the Kardashians. Последната сезона ќе биде емитувана на почетокот од следната година.
„До нашите неверојатни фанови
Со тешко срце ја донесовме оваа тешка одлука, како семејство, да се збогуваме со Keeping Up with the Kardashians. После 14 години, 20 сезони, стотици епизоди, ние сме повеќе од благодарни на сите кои нè гледавте овие години – низ добрите времиња, лошите времиња, среќата, солзите и многуте врски и деца. Засекогаш ќе ги цениме прекрасните сеќавања и бројните луѓе што ги запознавме“.
Во објавата, Ким ѝ се заблагодарува и на телевизијата E!, која го емитуваше нивното шоу, и на продуцентите.
„Без Keeping Up with the Kardashians, јас немаше да бидам каде што сум денес. Премногу сум благодарна на сите кои ме гледаа и кои ме поддржуваа и мене, и моето семејство, овие неверојатни 14 години. Ова шоу нè направи личностите кои сме денес и засекогаш ќе им бидам должна на луѓето кои помогнаа во градењето на нашите кариери“, ја завршува Ким својата објава.
И телевизијата E! даде своја изјава, нагласувајќи дека нема причина за оваа одлука, но дека тие „ќе ја почитуваат одлуката на семејството да живее без нивните камери“.
Во последниве неколку години, на повеќе членови од кланот Кардашијан-Џенер им пречеше шоуто, особено на Кортни. Истовремено, Ким имаше навистина турбулентна година со менталното здравје на сопругот Канје и неговата желба да се кандидира за претседател – работи кои предизвикале бројни проблеми во нивниот брак.
Во шоуто беа прикажани некои од најважните настани од животот на Кардашијанс, како венчавката на Ким со Крис, а потоа со Канје, нејзиниот грабеж во Париз, разделбата на Клои и Ламар Одом, како и транзицијата на Брус во Кејтлин Џенер.