Деца на славните кои црпат модна инспирација од нивните родители
Асад и диџеј Калед
Познатиот диџеј обожава да го облекува неговиот син како него. Малото момче си има и свој Instagram профил, каде што има многу фотографии на кои носи иста облека како татко му.
Вилоу и Пинк
Вилоу е најголемиот фан на Пинк, па без двоумење го копира нејзиниот стил. И тоа, не само за облекување, туку ги копира и нејзините фризури. За 40-иот роденден на пејачката, малото девојче си избричило дел од главата, како Пинк, за да ја изненади мајка си.
Блу Ајви и Бијонсе
Бијонсе и Блу Ајви можеби не се појавуваат во идентична облека, но речиси секогаш имаат слични комбинации.
Интересно е што мала Блу Ајви има едвај 8 години, но веќе си има свој стилист.
Румер Вилис и Деми Мур
Кога ја објави оваа фотографија, Румер напиша:
„Моментот кога сфаќаш дека се претвораш во својата мајка“.
Двете жени изгледаат премногу слично, имаат исти фризури и неретко носат слични модни комбинации.
Метју Меконахи и Леви
Синот на Метју, Леви, веќе е мала модна икона. За неговиот стил се одговорни неговите родители и тој не само што секогаш изгледа елегантно, туку носи слични комбинации како татко му Метју. Неколкупати, тие се забележани и со идентични сакоа и очила за сонце.
Спирова С. | Црнобело