Деца на славните кои црпат модна инспирација од нивните родители
- Детали
- недела, 06 септември 2020
Многу деца се како копија на своите родители не само поради физичкиот изглед, туку и поради сличниот вкус за облека.
Кога станува збор за славните родители, некогаш тие одбираат да ги облечат нивните малечки како нив, но некогаш децата сами одлучуваат да го копираат стилот на родителите.
Во продолжение погледнете кои деца на славните црпат модна инспирација од нивните родители:
Ромео Бекам и Дејвид Бекам
Дејвид сака полежерна облека, како маички и патики, а за свечени настани најчесто носи вратоврска и сако.
Ромео го има истиот стил на облекување, а ја копираше и позната „фудбалерска“ фризура со плетенки на неговиот татко.
Каја Гребер и Синди Крафорд
Да не беше возрасната разлика, сигурно немате да ги разликуваме Синди и ќерка ѝ Каја. На многу настани двете жени носат слична облека, слична шминка, па дури и позираат исто.
Каја, исто како мајка ѝ, најмногу сака облека со поширока јака, а доста често носи и блејзери и тексас јакни.
Тру Томпсон и Клои Кардашијан
Тру е премногу мала за да ја избира својата облека, но Клои се погрижила таа да биде нејзина мала копија. Клои редовно објавува фотографии каде што таа и Тру се со ист фустан, исти фризури, а некогаш и исти костими за капење.
Норт Вест и Ким Кардашијан
Норт веќе станува модна икона и, наводно, често ја пробувала облеката на Ким. Ким, пак, почнала да ѝ прави минијатурна верзија од нејзината облека, па сега и двете имаат исти модни парчиња.
Сури Круз и Кејти Холмс
Доволно е да погледнете само неколку фотографии од Сури и Кејти за да сфатите дека имаат ист вкус за облека. И двете прават слични комбинации, одбираат исти бои и принтови, и најчесто носат лежерна облека, како широки панталони и блузи.